(Фото/Видео) Познатиот светски магазин ја избра најдобрата дестинација за одмор – земјата која ја обожуваат и Македонците

Точка

02/10/2023

11:29

15.930

Големина на фонт

а а а

Британскиот магазин во својата репортажа ги издвоил сите туристички бисери во нашиот регион меѓу кои се наоѓа и Словенија.

„Гардијан“ со посебно внимание пишува дека земјите во овој дел од Европа нудат исполнет и квалитетен одмор. Тие имаат спектакуларни краишта, диви места за капење, древни градови и пристапни цени.

Во својата репортажа „Гардијан“ уште еднаш потврди дека Словенија е навистина најдобриот избор за одмор. Словенија е опишана како земја со најубави природни убавини, но и шармантен главен град познат по зачуваната барокна архитектура.

Љубљана е компактна престолнина изградена околу реката Љубљаница, со дива архитектура која ја опкружува реката. Освен тоа тука е и дворецот на врвот од брдото, а и уметничките галерии кои се многубројни, како и театрите и музеите.


Од останатите содржини „Гардијан“ го издвоил и Пиран за којшто вели дека е најубавиот град на Јадранското крајбрежје. Во него преовладува италијанската архитектура која се одржува со векови.

На северозападот од земјата главните знаменитости се спектакуларното Бледско и Бохињско езеро. Од друга страна на планината е и долината Соче која нуди планинарење, рафтинг и возење кајак, а во текот на зимата скијање и сноубординг.

Источна Словенија е винскиот дел од земјата, а тука е и Марибор, градот со најстара винова лоза на светот. Освен тоа тука е и Птуј, еден од најстарите градови во Словенија, одлично место за еднодневен излет.


„Гардијан“ исто така покрај Словенија ги истакнал убавините на Босна и Херцеговина, Македонија и Црна Гора.