Памела Андерсон изненади со природниот изглед, се појави на Модната недела во Париз без грам шминка

Точка

30/09/2023

21:40

8.532

Големина на фонт

а а а

Памела Андерсон неодамна присуствувала на Модната недела во Париз, а нејзиниот изглед изненади многумина.

Откако неодамна за магазинот „Elle“ откри дека не сака повеќе да се шминка за да има поголема контрола над својот изглед, Памела го покажа тоа на претставувањето на новата женска колекција на брендот „Isabel Marant“ во Париз.

Актерката за таа прилика се одлучила за долг жолт фустан без ракави, а стајлингот го надополнила со мала чанта и сандали. Иако многумина не ја препознале веднаш поради новиот изглед, Андерсон останала верна на своите тенки веѓи.

Но, Памела Андерсон не е единствената ѕвезда која поминала забележано во текот на Модната недела во Париз. Покрај неа, вниманието во изминатите дена го привлекоа и Деми Мур, Кајли Џенер и Ким Катрал.


За потсетување, славната Памела претходно истакна дека одлуката за природниот изглед ја донела во 2019 година кога нејзината висажистка Алексис Вогел починала по борба со рак на дојка. Таа својот нов изглед го нарекува „ослободувачки, забавен и по малку бунтовен“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг