Водителка на Дневник добила жесток напад на смеа среде јавување во живо – видеото е хит

Точка

30/09/2023

10:00

6.341

Големина на фонт

а а а

Познатата германска водителка на Дневник на телевизијата „ARD“, Сузане Добнер, која води вести веќе 24 години, доживеала жесток напад на смеа среде програма во живо, пишува „Bild“.

Таа се обидувала да прочита вест за самитот на канцеларот Шолц, но никако не ѝ успевало.

Водителката им се извинила на гледачите и ги избришала солзите, но речиси цела минута не можела да си дојде при себе откако ја најавиле колегите Свен Лориг и Ана Планкен. Нејзиниот напад на смеа ги насмеал луѓето на социјалните мрежи и предизвикал позитивни реакции.

Добнер за „Bild“ изјавила дека нема поим што точно ја погодило, но наводно ја насмеал Лориг кој претходно признал дека работел на прилог за Светското првенство во рагби во Франција иако не ги познава правилата на тој спорт.



Спонзорирани линкови

Маркетинг