Поранешната реалити телевизиска ѕвезда неодамна ја покажа својата нова драматично послаба фигура откако земаше контроверзен лек за слабеење кој го користат голем број познати личности. Сепак, мајката на две деца не го припишува губењето на тежината само на лекот.
Во една неодамнешна епизода на подкастот Озборнс, Шерон и нејзиниот син Џек разговараа за подготовките за судниот ден и рационализирањето на храната пред разговорот брзо да се претвори во диета. Џек тврдеше дека светот ќе западне во хаос ако луѓето останат без девет оброци по ред.
„Ако имаш нешто што некој го сака, ќе те убие поради тоа. Знаеш колку сме далеку како општество од тотален колапс? Девет оброци. Девет оброци сме далеку од целосен колапс. Тоа се три дена појадок, ручек и вечера. Ако тоа им е одземено на луѓето, тие ќе се убијат меѓусебно, своите соседи, сè“, рече Џек.
Но, Шерон мисли дека тоа би било лесна работа. „Боже, го правам тоа секоја недела. Најмалку три дена без јадење“, рече таа. Откритието загрижи многумина, а еден корисник на Твитер напиша: „Имаат проблеми во ова семејство“. Друг искоментирал: „Некој да и купи стек“, додека трет рече: „Тенка е како игла. Толку лошо“.
„Не сакав да бидам толку слаба. Тоа едноставно се случи.“
Во неодамнешното интервју со британскиот ТВ водител Пирс Морган, 70-годишната сопруга на музичарот Ози Озборн изјави дека отишла предалеку со слабеењето. "Не сакав да бидам вака слаба. Едноставно се случи. Не можете да останете така засекогаш. Сега ослабев 21 килограм и тоа е доволно", признала таа.
Британката зборувала и за несаканите ефекти на лекот и за тоа како имала чести мачнини. „Физички не повраќате, но ви се gгади. Бев на диета околу две до три недели и цело време имав гадење. Навистина станувате жедни и не јадете“, објаснила таа.