Манекенката Корана Гвоздиќ на Инстаграм раскажа како своите омилени чевли ги чува во плакарот повеќе од две децении, а објави и фотографии на кои се гледа како сè уште ги носи.
„Google вели дека работите стануваат „винтиџ“ по 20 години. Овие сандали ги купив за мојата матурска вечер пред речиси 23 години и сè уште ги сметам за едни од најудобните, најомилените и најпосебните чевли што некогаш сум ги поседувала“, напишала таа.
"Буквално ги гледав со месеци во излогот (и собирав пари исто толку време) и реално не ми падна на памет дека ќе ги носам со години. Денес, „Fendi“ прави речиси идентична метална потпетица за некои свои модели на чевли, што значи дека сепак не сме излегле од мода“, додала таа, а на една фотографија покажува и како се дотерала за матурската вечер.
Манекенката со сопругот Иван Шариќ го има двегодишниот син Оливер, а се пошегува дека истите чевли ќе ги носи и на матурата на Оливер.