Италијанките важат за најдобро облечени жени во светот, а чувството за мода го развиваат уште од мали нозе. Мајките им покажуваат на децата како да ги комбинираат боите и која облека е соодветна за различни пригоди.
Затоа не е ни чудо што Милано е престолнина на светската елеганција, а кога таму се одржува Модната недела, нема подобро место за љубителките на фина облека и чевли.
Тогаш пристигнуваат бројни инфлуенсерки од сиот свет, па улиците оживуваат на посебен начин, но софистицираноста е највпечатлива.
Италијанките се грижат за својата фигура, што не значи дека сите се витки како модели. Тие мудро избираат облека која ќе им ги прикрие несовршеностите. Многу од нив имаат фигура „песочен часовник“, па го нагласуваат струкот и ги кријат малку пошироките колкови.
Иако се познати по страсниот медитерански темперамент, кога станува збор за изборот на бои, Италијанките повеќе сакаат ладни отколку топли бои. Светлите нијанси ги чуваат за аксесоарите, особено кога носат црно – тогаш накитот, часовникот или марамата препорачливо е да бидат исклучително впечатливи.
Ретко можете да ги видите во зебрести дезени или хавајски кошули – постои шега дека овие принтови се всушност забранети во италијанските продавници. А она што вистинска Италијанка никогаш нема да го облече на улица е – тренерка.
Спортската облека која е омилена ширум светот овде не спаѓа во изборот на дамите. Дури и кога некоја млада девојка би посакала да излезе од дома во ова парче облека, нејзината мајка или баба сигурно ќе ја вратат назад со зборовите: „Каде си тргнала така облечена?“
А во што продефилираа дамите во Милано за време на овогодишната модна недела, како домашните, така и нивните гости од целиот свет, погледнете во фотогалеријата!