Стивен Кинг, неверојатниот мајстор на хорор-романите, идејата за своето ремек-дело „The Shining“ ја добил во 1974 година кога со сопругата Табита поминал една ноќ во изолираниот хотел Стенли којшто се наоѓа во Колорадо, во близина на Карпестите планини.
Кинг тогаш имал застрашувачки соништа, врз основа на кои три години подоцна ја напишал книгата која му донела голема светска слава. Имено, тој го резервирал хотелот наесен, пред затворање на сезоната, а тој и сопругата биле единствените гости во хотелот, па сѐ делувало морничаво.
Тој лутал по празните ходници, а сонот којшто го сонувал го преплашил: неговиот мал син го бркало противпожарно црево низ истите тие ходници. Се разбудил препотен, отишол да испуши цигара и негде на половина веќе ја имал идејата за „The Shining“.
Режисерот Стенли Кјубрик во 1980 година врз основа на романот на Кинг го снимил истоимениот филм којшто важи за еден од најдобрите хорор-филмови на сите времиња и се занимавал со семејството кое назима се доселувало во хотел во Колорадо, кој само на прв поглед делува идилично.
Главната улога во филмот ја толкувал Џек Николсон заедно со Шели Дувал, а фактите за местото кое во далечната 1909 година го изградил американскиот бизнисмен Фрилан Оскар Стенли.
Имено, собата 217 во која Стивен престојувал, има интересна историја.
Собарката Елизабет Вилсон во 1911 година се обидела во таа просторија да запали фенер којшто под случај на околности експлодирал, а таа пропаднала еден спрат подолу.
Господин Стенли направил сѐ што било во негова моќ да го скрие тој инцидент, па ги финансирал трошоците за нејзиното лекување, а ѝ понудил и поголема плата.
Елизабет продолжила да работи за него 40 години по немилиот настан. Подоцна имало многу дискусии на тема паранормално, како од страна на гостите, така и од страна на вработените. Наводно, гостите тврделе дека нејзиниот дух се враќал во собата, ја чистел собата, а доколку некој од паровите не бил венчан, а кој престојувал во собата таа ги раздвојувала.
Често гостите пријавувале и чудни звуци, дека светлата се палеле и гаснеле сами од себе и слично. Така тој објект станал еден од најпроклетите во Америка. Исто така собата се резервира месеци однапред и не е лесно да се стигне до неа поради тоа што постои голем интерес.
Од 2013 година во неа се одржува филмски фестивал со наслов „Стенли“ кој во рамките на својот редовен репертоар прикажува независни хорор-филмови.
За време на Ноќта на вештерките, најстрашната ноќ во годината, хотелот станува идентичен на оној од „The Shining“ затоа што тогаш станува место на кое се одржува бал чија посета е огромна.