Упс! Некој заборавил дека е озвучен: Доколку сакате да се насмеете до солзи, појдете на тикток страницата на „НФЛ“

Точка

27/09/2023

18:16

26.356

Големина на фонт

а а а

Доколку алгоритмот веќе не ве однел на НФЛ страницата на „ТикТок“ – пропуштате многу. Веруваме дека после овој текст ќе ја погледнете оваа страница, а можеби и ќе станете фан на NFL.

Американците од американската фудбалска лига прават апсолутен спектакл на социјалните мрежи, а видеата од теренот и тренинзите имаат милионски прегледи. Посебен хит се видеата од озвучените играчи. Најпопуларни се видеата на Кристијан Вилкинс, играчот на Мајами Делфинс, чии коментари за време на натпреварите се неспоредливи.


Мошне популарни се и ситуациите во кои играчите забораваат дека се озвучени, па неретко можат да се чујат и нивните пејачки способности.


Има и ситуации во кои знае да биде емотивно. „Мајк Еванс ми рече дека сум дебел“, Квинен Вилијамс од Њујорк Џетс еднаш се пожалил на соиграчите, а видеото станало толкав хит што Еванс од Тампа Беј Баканирс стекнал приличен број непријатели на „ТикТок“.


„Не знам кој е Мајк Еванс, но јас сум негов непријател во моментов“, напишале илјадници луѓе (главно неинформирани за НФЛ, но упатени во комичните видеа од теренот).


„Коментирам само за да останам на НФЛ страницата на ТикТок“, „Штотуку станав фан на американскиот фудбал“, „Ова е сè што сакам да видам на својата For You страница до крајот на мојот живот“, пишувале корисниците на „ТикТок“, а кога ќе ги погледнете објавите, ќе ви биде јасно и зошто. Се чини дека Американците откриле како да привлечат голема публика на спортските терени.




Спонзорирани линкови

Маркетинг