Франција им се врати на победите во Лигата на нации и тоа откако имаше еден пеколен финиш во соочувањето со Белгија на „Сен Дени“ во Париз.
„Триколорите“ губеа со 1-0 до 77 минута кога започна шоуто на резервистите Дуе, Олисе и Шерки кои до крајот постигнаа четири гола и донесоа славје од 4-1. Ова секако е одлична вест за Французините, нови три бода со кои се на првото место во групата, но селекторот Зинедин Зидан мораше да застане и во одбрана на капитенот Усман Дембеле кој и против Белгијците немаше никаков конкретен придонес кога се во прашање головите и асистенциите.
-Дембеле беше многу добар особено на почетокот на натпреварот и на почетокот на второто полувреме. Беше многу динамичен. Немаше проблем од таа страна.
-Навикнати сме да го гледаме како игра насекаде и е добар на секоја позиција. Задоволен сум од она што го направи, тој беше наш капитен кој беше примерен со сите свои соиграчи. Среќен сум, -порача Зидан.
Инаку Дембеле настапи на сите четири средби во овој „прозорец“, на три од нив беше и стартер, меѓутоа не забележа ниту гол, ниту асистенција.








