Најдобриот светски тенисер, Јаник Синер нема повеќе да го видиме на терените во оваа сезона.
Италијанецот веќе некое време е во „аут“ и тоа од триумфот на Вимблдон, повреда на коленото која му прави проблеми и токму поради тоа реши да ја заврши приказната за оваа 2026 година.
-Јас, заедно со лекарите, одлучивме дека ми е потребен третман на коленото, што значи дека сезоната 2026 е официјално завршена. Последните неколку години, особено завршницата во Торино, ми дадоа толку многу убави чувства и емоции, кои оваа година ќе бидат поинакви.
https://t.co/LC1SqFTKG8
— Jannik Sinner (@janniksin) October 6, 2026
-Но, во моментов, треба да размислувам и за мојата долгорочна кариера. Ќе направам сè што е можно за да се вратам на 100 проценти. Ви благодарам однапред за вашата поддршка и се надевам дека ќе ве видам многу, многу наскоро повторно на теренот, -порача Синер.
Јаник доминираше оваа сезона додека беше здрав, освои пет Мастерси во низа (Индијан Велс, Мајами, Монте Карло, Рим и Мадрид), славеше на Вимблдон, а поради повреда беше поразен од Серундоло на Ролан Гарос.








