Одличен настап на нашите млади џудисти: Освоија 10 медали на Сакура Куп

Точка

05/10/2026

20:14

229

Големина на фонт

а а а

Нашите млади џудисти од „Суперџудо Скопје“ остварија одлични резултати на Сакура Куп во Катерини, освојувајќи 10 медали.

Како што споделија од „Суперџудо“, во категоријата U8, златни медали освоија Војдан Лазаров и Матеј Трајковски, додека Лука Настовски, Аврам Портарски и Стефан Вељјаноски се закитија со бронза. Во U10, Ерик Антин освои златен медал.


Во категоријата U12, бронзени медали освоија Димитар Марковски, Огнен Фиданоски и Калин Намичев, додека во U14 со бронзен медал се закити Стефанија Златаноски.



Од клубот истакнуваат дека медалите се само еден дел од приказната, а особено се горди што секој натпреварувач храбро излегол на татамите, се борел до крај и стекнал ново натпреварувачко искуство.


Упатена е и благодарност до родителите за поддршката, довербата и енергијата што ја вложуваат во развојот на младите џудисти.


„Продолжуваме со работа – уште посилни и уште подобри“, истакнуваат од „Суперџудо Скопје“.