[ВИДЕО] Бизарен крај на полуфиналето: Медведев дисквалификуван, Ѓоковиќ ќе се бори за пехарот во Пекинг

Дерби

05/10/2026

19:43

228

Големина на фонт

а а а

Новак Ѓоковиќ ќе биде ривалот на Алекс Де Минор во финалето на АТП турнирот од серијата 500 во Пекинг.

Ѓоковиќ излезе како победник од соочувањето со Данил Медведев, меч кој имаше еден бизарен крај затоа што во десеттиот гејм од вториот сет Русинот имаше потег со кој беше елиминиран, дисквалификуван. Српскиот ас водеше со 1-0 во сетови (7-5) и 5-3 во втората рунда и сервираше за пласман во финалето по што освои поен за 15:15.

Тука Медведев имаше потег кој скапо го чинеше, испрати едно топче на трибините кое погоди гледач по што беше одлучено да добие „црвен картон“ и Ноле автоматски да го добие натпреварот кој беше фантастичен, донесе огромна борба и штета е што беше завршен на ваков начин.

Со ова Ѓоковиќ ја продолжи неверојатната серија на резултати во Пекинг (33-0) и за пехарот ќе ги одмери силите со Де Минор против кого води со 3-1 во меѓусебните дуели.