Се засакале како деца, судбината ги споила многу години подоцна: Вака славниот фудбалер ја започнал својата бајка

Точка

25/09/2023

21:59

14.293

Големина на фонт

а а а

Антонела Рокузо и Лионел Меси важат за еден од најхармоничните парови во светот. Тие се во брак од 2007 година, но пред тоа биле во долгогодишна врска. Парот има 3 сина, Тијаго, Матео и Чиро. Но, познато е дека убавата сопруга пред него сакала друг човек.

Лионел Меси и Антонела Рокузо се запознале преку нејзиниот брат уште кога биле деца, односно кога имале 5 или 6 години. Како што подоцна признал фудбалерот, се дружел со нејзиниот брат само како би ја видел неа. Таа му пишувала писма и сè било толку слатко, но животот ги разделил кога целото семејство на Меси се преселило во Барселона поради неговата фудбалска кариера.


„Замислете да се преселите на нов континент со вашето семејство на 13 години и иднината на сите да зависи од вас. Тоа беше комплицирано време. Од една страна, беше спектакуларно да се дојде и да се игра во Барселона. Од друга, пак, тешко да се остави сè зад себе: пријателите, остатокот од семејството, детството. Стигнавме во земја каде што немав практично ништо. Почнав од нула“, изјавил Меси своевремено во едно интервју.


И тој и Антонела продолжиле со своите животи.Лео изградил фудбалска кариера, а Антонела се посветила на образованието. Се запишала на стоматологија и започнала емотивна врска со друг маж, но судбината „вмешала прсти“, па повторно ги споила поради еден трагичен настан.

Имено, најдобриот пријател на Антонела починал во 2005 година. Поради таа трагедија паднала во депресија, престанала да оди на факултет, поради што Меси се вратил во Аргентина како би ѝ бил поддршка. Во меѓувреме го оставила своето момче, се заљубила во него, а останатото е историја.


„Ме остави, но барем не ме остави за било кого, туку за Меси“, се пошегувал нејзиниот поранешен партнер.


Парот долго време ја криел својата врска, за во 2009 година им откријат на сите дека се вљубени. Се венчале во 2017 година, но првиот син пристигнал 5 години порано, вториот во 2015 година, а третиот една година по венчавката.




Спонзорирани линкови

Маркетинг