Усните како аларм: Знаци за овие четири болести кои можеме да ги откриеме на усните

Точка

22/09/2023

16:51

7.397

Големина на фонт

а а а

„Нашите усни можат да ни испраќаат сигнали за здравјето на телото“, предупредил стоматологот Бернард Хенеси.

Како што открил за британски „The Sun“, знаците на дури 4 болести се откриваат токму на усните. Тој вели дека нашите усни минуваат низ различни промени во текот на животот, а понекогаш можат да укажуваат на одредени болести“.

„Некои од овие промени може да укажуваат на медицински проблем, па затоа не треба да ги игнорираме доколку ги забележиме“, тврдел Хенеси.

ХИВ

Во случај да се појави необјаснив чир во или од внатрешната страна на нашите усни кој не исчезнува, може да биде знак за ХИВ. ХИВ (вирусот на човечка имунодефициенција) го напаѓа имунолошкиот систем на телото и, во ретки случаи, може да доведе до СИДА. Не постои лек за ХИВ, но постојат лекови кои им овозможуваат на лицата со овој вирус да живеат долг и здрав живот, под услов да се открие навремено.


Пневмонија

Секој добива испукани усни од време на време и тоа обично не треба да биде причина за грижа. Но, во некои случаи, особено кај децата, лупењето на усните може да биде знак за пневмонија. Според „NHS“, состојбата обично започнува со треска, кашлица, проблеми со дишењето и слаб апетит.


Рак

Рана на усните која не зараснува може да биде знак за карцином, објаснил стоматологот. Стапките на орален карцином, вклучително и ракот на усните, се двојно поголеми во последните 20 години – покажуваат податоците на „Фондацијата за орално здравје“.

Во 2021 година биле дијагностицирани околу 8.864 случаи, што е зголемување за 34% во однос на пред 10 години.


Ракот на усните се јавува на кожата на усните, но најчест е на долната усна. Според клиниката „Мајо“, повеќето карциноми на усните се сквамозни карциноми, прилично лесни за лекување. Ракот на усните може да биде предизвикан од прекумерно изложување на сонце и пушење.

Синдром на иритирани црева

Испуканите усни, особено во аглите на усните, може да се поврзат со синдром на нервозно дебело црево. Кожна состојба позната како ангуларен хеилитис предизвикува суви, црвени дамки на аглите на устата кои можат да пукнат. Неколку студии покажале дека 60% од луѓето со „IBS“ може да страдаат од орални здравствени проблеми, од кои еден е ангуларен хеилитис.





Спонзорирани линкови

Маркетинг