Сопругата на Џорџ Клуни за „Vogue“ открила дека дел од нејзиниот појадок секогаш е една моќна намирница чија предност одамна е позната.
Амал Клуни, филантропката, позната адвокатка и специјализирана за човекови права и сопруга на холивудскиот актер Џорџ Клуни, позната е по својот извонреден изглед и витка фигура.
Таа со леснотија носи облека со различни кроеви и стилови и остава впечаток кога и да се појави во јавноста, а покрај тоа таа е енергична, здрава и успешно ја балансира кариерата и семејниот живот и грижата за близнаците Ела и Александер.
Како што открила за „Vogue“, една од нејзините тајни е тоа што Амал секој ден го започнува со една посебна намирница.
Станува збор за морска трева, односно морски растенија и алги кои се сѐ попопуларни во светот.
Тоа дека морските алги се суперхрана не е ништо ново, одамна е познато дека тие изобилуваат со минерали и растителни влакна, а покрај тоа се нискокалорични и веќе со векови се застапени во азиската кујна.
„Морските алги, на нутритивната скала се богати со јод, железо, калциум, колаген, аминокиселини и растителни влакна“, вели Карен Камингс Палмер, експерт за интегративно здравје и исхрана која прави програма за познати клиенти и големи корпорации.
Иако Амал преферира да појадува морски алги, Камингс Палмер истакнува дека тие треба да се јадат за било кој оброк, односно дека не постои доба во денот кога алгите се најкорисни за организмот.
- го подобруваат тенот, текстурата и еластичноста на кожата;
- помагаат при растот на коса;
- ги поддржуваат функциите на мозокот;
- ја поддржуваат правилната функција на штитната жлезда;
- го поддржуваат здравјето на цревата.