10 ликови од хит сериите кои се најомразени без причина: Многумина согласни дека неправедно им е дoделена титулата „негативци“

Точка

21/09/2023

14:49

5.054

Големина на фонт

а а а

Постојат одредени ликови од популарните серии кои луѓето едноставно ги „мразат“, иако генерално не направиле ништо лошо.

„BuzzFeed“ ги замолиле своите читатели да издвојат ликови кои се омразени без причина, а еве некои од одговорите кои привлекле најголемо внимание и веруваме дека и вас ќе ве замислат. Дали навистина биле негативци или едноставно луѓе кои потешко може да бидат сфатени од околината?

Кеси Хауард од „Euphoria“

„Луѓето забораваат дека таа е 17-годишна девојка која носи одлуки како 17-годишна девојка. Сите очекуваат таа да носи разумни одлуки како возрасните, а никој од нас не го правел тоа на истата возраст. Да не зборуваме за тоа дека во првата сезона се соочи со исклучително трауматично искуство, кое треба време за да го процесира. Мислам дека ѝ е потребна малку емпатија, но тоа би било сè“.


Ванеса Абрамс од „Gossip Girls“

„Како некој што ги читал книгите пред да излезе серијата, морам да напоменам дека Ванеса беше главен лик. Но, тие ја направија спореден лик за серијата и никогаш не ѝ дадоа сопствена приказна. Како да беше принудена постојано да учествува во туѓите приказни.


Исто така, има многу да се каже за инхерентниот анти-црнечки избор на кастингот. Сценаристите очигледно немале идеја што да прават со било кој лик кој не е белец, цисрод и хетеросексуалец. И додека ја сакам серијата поради тоа што е, злоставувањето на Ванеса Абрамс секогаш ќе ми биде дамка на шоуто“.

Теон Грејџој од „Game of Thrones“

„Тој направи некои лоши работи, но ништо полошо од другите ликови. Имаше 19 години и беше во ужасна положба. Потоа брутално беше измачуван и осакатен, во ропство со години, а потоа го надмина сето тоа како би ѝ помогне на Санса да избега, ја поддржи својата сестра и се бори во војната. А луѓето сè уште го мразеа! Заслужи подобро.“


Лори Грајмс од „The Walking Dead“

„Таа беше емоционално манипулирана од Шејн – ја искористи кога не беше своја (т.е. буквално ѝ кажа дека нејзиниот сопруг е мртов). Таа отиде дотаму што се одрече од сопствениот живот за да може нејзината ќерка да живее. Ќе ја бранам Лори Грајмс до крајот на животот.“


Елена Гилберт од „The Vampire Diaries“

„Ги мразам критиките по четвртата сезона дека е себична и досадна. Иако не е најзабавниот или најопасниот лик во серијата, од самиот почеток се покажа дека е тинејџерка која е неверојатно љубезна, емпатична, снаодлива, несебична и храбра, и покрај траумата низ која поминала.


Сочувствува со другите, дури и кога тие ја виктимизираат, покажува многу интелигенција и брзо размислување во стресните ситуации. Разочаран сум од нејзиниот развој на карактерот по третата сезона, но суштината на тоа која е – вредна е за восхит, по мене.

Енди Бернард од „The Office“

„Тој беше сосема поинаков кон крајот на серијата, отколку на почетокот. Затоа не се согласувам со тоа како испадна (и да бидеме искрени, „Тhe Office“ воопшто не беше толку интересна како на почетокот).


Но, тој искрено ме насмеа и се чувствував како сите ние на работа да имаме по еден лик кој едноставно е „смотан“. Го цитирам цело време и мислам дека серијата стана вистински хит во моментот кога се појави Енди.“

Скајлер Вајт од „Breaking Bad“

„Луѓето ја мразеа затоа што беше многу сомничава кон Волт. Нејзиниот сопруг буквално произведуваше и продаваше мет. А потоа ја направи соучесник во неговите злосторства. И не само тоа, Ана Ган добивала закани по животот баш затоа што ја играла Скајлер.“


Вилхемина Слејтер од „The Ugly Betty“

„Сите сакавме да ја мразиме, но всушност требаше да навиваме за неа целото време. Таа беше ултимативната кралица која успеа се пробивала од дното како би стигнала до модниот врв, за потоа да ѝ преземе се бескорисниот син на богат човек кој не знае ништо за модата“.


Џеремаја Фишер од „The Summer I Turner Pretty“

„Џер не е совршен, но луѓето се однесуваат како да е ѓавол (и не сакам да слушам ништо за книгите, бидејќи зборуваме за шоуто во моментов). Не го мразам ниту Конард, но едноставно не можам да ги поднесам двојните стандарди. Џер му е брат, па минуваат низ истото.


И за крај, Џенис Хоенштајн од „Friends“

„Џенис не направи ништо лошо освен чудното смеење – а сепак таа е секогаш најомразената, бидејќи Чендлер е тој што секогаш се жали како не може да се ослободи од неа.


Тој повторно и повторно ѝ се враќа, за на крајот да ја откачи од некоја небулозна причина. Дури ѝ соопштува и дека се сели во Јемен, добога! И некако, таа изгледа иритантно, додека тој е сиот смешен и шармантен1?“