3 одела на Кејт Мидлтон за есенската сезона 2023: Совршено модно издание за сите деловни жени

Точка

21/09/2023

14:13

7.418

Големина на фонт

а а а

Оделата се едни од основните модни парчиња кои секоја дама во својот ормар треба да ги поседува.

Одржливоста и намалувањето на производство и потрошувачка го предложуваат и многу од модните креатори. Во кризни години сите ќе се потрудиме да купуваме што помалку нова облека, а што полесно да ја комбинираме онаа која веќе ја имаме дома.

Оделата станаа тотален тренд во светот на модата, долго се сметани и за основни парчиња во ормарите токму поради нивната функционалност.

Поради тоа баш во секој ормар треба да има барем по едно добро одело. Идеален момент да почнете да се подготвувате за есенската сезона се токму овие модни парчиња.

Ви претставуваме три есенски предлози за одела по изборот на Кејт Мидлтон:

1. Беж одело


Оделото со неутрален тон може да се искомбинира со добри парчиња накит или обувки. Практичноста на оделото се огледува во тоа што секој пат можете да го носите на некој нов начин во зависност од аксесоарите.

2. Црна елеганција


Црното одело претставува класика и можеби основна боја на одело која треба да ја поседувате. Можностите да се комбинира се безбројни, а може да го носите и за формални и неформални прилики, за на работа или различни видови на прослави.

3. Одело во боја


Оделата може да ги носите и одделно, пример долен дел од едно одело и горен дел од друго одело и така да ги комбинирате во различни бои. Твидот и сезонава е многу застапен материјал, изберете некоја впечатлива боја и разбијте ја монотонијата.