Археолог: Ова е најстарата дрвена конструкција, направена е пред 500.000 години

Точка

21/09/2023

11:37

21.530

Големина на фонт

а а а

Археолозите денеска објавија дека ја ископале најстарата дрвена структура некогаш откриена, која датира од пред речиси половина милион години, што укажува на тоа дека нашите предци можеби биле понапредни од тоа што се мислело.

Добро сочуваната дрвена конструкција е откриена кај водопадите Каламбо на северот на Замбија во близина на границата со Танзанија.

Датира од пред најмалку 476.000 години, многу пред еволуцијата на хомо сапиенс, вели истражувањето кое го опишува ова откритие во списанието „Nature“.

Дрвото има траги на исеченици кои покажуваат дека камени алати биле користени за спојување на две големи дрва за да направи конструкцијата, за која се верува дека е платформа, пешачка патека или направа за држење на луѓето над водата.

На локалитетот исто така е откриена и збирка древни алатки, вклучувајќи клинец и прачка за копање.

Познато е дека во тоа време луѓето користеле дрво, но во ограничени цели, за палење на оган или за лов.

Случајно откритие

Лери Бархам, археолог од британскиот Универзитет во Ливерпул и главен автор на истражувањето, за „AFP“ рекол дека, според неговите сознанија, претходниот рекордер за најстара дрвена структура датира од пред околу 9.000 години.

Бархам рекол дека структурата била случајно откритие до кое се дошло во 2019-та година во текот на ископувањата на локација која се наоѓа на брегот на реката Каламбо, над водопадот висок 235 метри.

Ретки се откритијата кои вклучуваат древно дрво, бидејќи е склоно кој скапување. Но, се верува дека високото ниво на вода на Каламбо и водопадите ја сочувале структурата во текот на вековите.

Ископувањата на ова наоѓалиште во 50-тите и 60-тите години откриле и други дрвени конструкции, но не било можно точно да се датираат.

Меѓутоа, овој пат археолозите употребиле нов метод наречен луминисцентно датирање, кое ја одредува староста со мерење на времето кога минералите последен пат биле изложени на сончева светлина.

Тоа открило дека структурата е многу постара од тоа што се мислело и дека датира од пред најмалку 476.000 години.

Најраните докази за хомо сапиенс датираат од пред околу 300.000 години.

Но, фосили од човековиот роднина хомо хеиделбергенсис, за кој се смета дека живеел пред 700.000 години до 200.000 години, се пронајдени во регионот, рекол Бархам.

„Имагинација и вештини“

Откритието на дрвените конструкции го промени моето мислење за тие луѓе, додал Бархам.

„Го трансформирале своето окружување за да го направат животот полесен, дури и ако само направиле платформа на која може да седат покрај реката и да ги вршат своите секојдневни работи“, рекол тој.

„Употребувале интелигенција, имагинација и вештина за да создадат нешто што никогаш претходно не го виделе, нешто што никогаш претходно не постоело“.

„Тоа сугерира на апстрактно ниво на размислување и веројатно јазик“, додал тој. Ѓ

Софи Арчамбаулт де Боуене, археолог од францускиот универзитет во Лион, која не била вклучена во истражувањето, рекла дека структурата претставува когнитивни способности како што се планирање и способност за визуализација на готов производ“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг