Откако го прегледале видеото од смртта на Стив Ирвин, се заколнале дека нема да излезе во јавноста: Последните зборови на познатиот авантурист биле морничави

Точка

20/09/2023

21:40

20.727

Големина на фонт

а а а

Локацијата на снимката која ја прикажува трагичната смрт на легендарниот Стив Ирвин останува мистерија и 17 години откако ража смртно го рани австралискиот заштитник на природата и познат ловец на крокодили.

За потсетување, Ирвин на 4 септември 2006 година на гребенот на Бат во близина на Порт Даглас, Квинсленд бил прободен од раја додека снимал нова епизода за својата популарна ТВ емисија.


Снимателите од неговата екипа очајно се обидувале да го спасат пред да го однесат на брегот, каде што болничарите му направиле реанимација. Ирвин починал пред да стигне во болница. Целиот инцидент бил снимен на камера, а снимките потоа биле предадени на властите за да помогнат во нивната истрага. Видеото од самиот настан сè уште не е објавено во јавност, најмногу поради желбите на неговите блиски пријатели и семејството.


„Снимката никогаш нема да ја види светлината на денот. Никогаш. Го гледав видеото, но не сакам да го гледам повторно“, изјавил најдобриот пријател и режисер на Ирвин, Џон Стејнтон, за време на неговото гостување во шоуто на Лери Кинг во 2006 година.

Ирвин тој ден нуркал снимајќи ја својата нова емисија „Ocean’s Deadliest“. Фокусот на тимот била смртоносната тигреста ајкула. Откако не успеал да ја најде, Ирвин наместо тоа се свртел кон џиновска краткоопашеста ража (Bathytoshia brevicaudata) од речиси два и пол метри за да направи снимки за друг проект на кој работел со неговата ќерка Бинди, „Bindi the Jungle Girl“. Стив Ирвин пливал над рајата, кои инаку се безопасни во повеќето случаи. Во еден момент, ражата му ги прободела градите со боцката, очигледно мислејќи дека станува збор за ајкула.


Раите обично користат боцки, кои се всушност три отровни ’рбетни сечила во опашката, како одбранбен механизам кога некој им се заканува или кога ќе ги згазне. Ражата му ги прободела градите со боцка и му го забила отровниот шилец директно во срцето.

„Боцката му помина низ градите како врел нож низ путер“, изјави камерманот на Ирвин, Џастин Лајонс, кој го снимил трагичниот инцидент тој ден.

Ирвин му рекол на својот тим дека рајата му ги дупнала белите дробови откако бил погоден, не сфаќајќи дека наместо тоа всушност го погодила неговото срце.


„Веројатно ражата од сенката на Стив помислила дека се работи за тигреста ајкула, која често напаѓа раи, па почнала да го напаѓа. Додека се враќавме на бродот, му велев на еден од екипажот да ја стави раката над раната и постојано му велиме на Ирвин: „Мисли на твоите деца, Стив, држи се, држи се, држи сè. Тој само некако смирено погледна и рече: „Умирам“. И тоа беше последното што го кажа“, изјавил камерманот.


Сè било снимено бидејќи тоа било желба на самиот Ирвин. Застрашувачката снимка веднаш била предадена на властите кои ја истражувале неговата смрт. Биографот Тими Донован рече дека Ирвин секогаш им кажувал на луѓето дека „би бил тажен доколку никој не ја сними неговата смрт“.


Сите копии од касети на кои се наоѓа снимка од смртта на Ирвин биле уништени веднаш по завршувањето на истрагата. Се вели дека на неговата сопруга ѝ бил предаден последниот примерок. Таа за магазинот „You“ во 2018 година изјавила: „По смртта на Стив 100 милиони гледачи го гледаа видеото од неговата смрт што беше објавено на YouTube. Тој филм беше тотална измислица која ја искористуваше тагата на луѓето. Никогаш не сум ја видела вистинската снимка. Зошто би? Знам како умре мојот сопруг и ми олесна што децата не беа на бродот како што обично беа; ќе беше ужасно да беа сведоци на тоа“.

Според нејзините зборови, сè уште постои копија од снимката со смртта на Ирвин некаде во полицискиот трезор.




Спонзорирани линкови

Маркетинг