Веста дека славниот актер Хју Џекмен се разведува од својата 13 години постара сопруга, Дебора Ли Фурнес, со која помина 27 години во брак, ја изненади јавноста.
Тоа воедно подгрејувајќи ги гласините за неговата сексуална ориентација. Имено, долги години се шпекулира дека актерот е геј, а Дебора само параван.
„Благословени сме што делевме речиси 3 децении заедно како сопруг и сопруга, во прекрасен брак полн со љубов. Нашето патување сега се менува и одлучивме да се разделиме за да продолжиме со нашиот индивидуален раст. Нашето семејство беше и секогаш ќе биде нашиот најголем приоритет. Во ова следно поглавје пристапуваме со благодарност, љубов и добрина. Многу го цениме вашето разбирање за почит на нашата приватност додека нашето семејство минува низ оваа транзиција на животите. Ова е единствената изјава која било кој од нас двајца ќе ја даде“, стоело во нивното официјално соопштение.
Се чини дека разводот не му паднал тешко на славниот актер, додека по соопштението за истиот тој бил фотографиран како се шета без бурма на раката. Исто така, странските медиуми пренеле дека забележан како ужива во возење велосипед, а деновите ги минувал „квалитетно“, како и дека максимално бил посветен на себеси.
Начинот на кој се запознале двајцата бил судбоносен, а Дебора во поткастот „Not an Overnight Success“ открила дека живеела во Холивуд кога извесна јасновитка ѝ рекла дека треба да се врати во Австралија. Актерката подоцна се вратила во татковината, каде што добила улога во серија заедно со Хју.
„Многу ќе патував на релација Австралија-Холивуд. Ми беше доста од Холивуд и бев кај една јасновитка која ми кажа: „Мораш да се вратиш во Австралија“, била искрена Дебора.
„И така, се вратив и дословно сè што ми кажа јасновитката се оствари. Ја добив серијата „Corelli“, а Хју ми беше колега“.
Сега, откако се разделиле, многумина коментирале дека јасновитката ги споила, но сепак не можела да го предвиди нивниот крај.