Ја изневерил бремената сопруга, 9 месеци подоцна дознал дека станал татко: Ова е прекрасната вонбрачна ќерка на славниот тенисер

Точка

21/07/2023

20:27

13.519

Големина на фонт

а а а

„Тоа не беше афера, тоа беше однос од 5 минути“, напишал во своите мемоари Борис Бекер, објаснувајќи дека имал интимни односи со келнерка и тоа на скали.

Вчера во Минхен била одржана премиерата на „Fashion Freak Show“ на Жан Пол Готје, а меѓу најзабележителните таму била манекенката Ана Ермакова.

На црвениот тепих нејзе и се придружила мајка и Анџела Ермакова, а 23-годишната манекенка во стилот на старото доба на Холивуд прошетала во прекрасен, златен, проѕирен фустан со неверојатни украси кои совршено се вклопиле со нејзината боја на коса.


И, можеби на многумина нејзиното име не им е познато, но сигурно ликот од некаде ви е познат.

Како што вели поголем дел од јавноста – таа е копија на популарниот тенисер Борис Бекер.

Меѓутоа, самото нејзино раѓање предизвикало голем скандал, а нејзиното зачнување се случило под необични околности.

Како што напишал Борис во неговата автобиографија, тој имал сексуални односи со келнерката Анџела Ермакова која била и успешна манекенка и тоа само неколку часа откако неговата бремена сопруга Барбара отишла во болница да се пораѓа.

За тоа време поранешниот шампион на Вимблдон, испил неколку пива, а потоа го посетил ресторанот Нобу во Лондон.

Таму Борис ја сретнал госпоѓа Ермакова, а по пет минути разговор отишле во „најмрачниот агол“ од ресторанот и дошло до интимен однос.

„Не знам дали тоалетот е подобро место, но ние тоа го направивме на скали. Медиумите пренесоа дека имавме однос во тоалет, но... Тоа не беше афера, тоа беше 5-минутен однос“, открил поранешниот тенисер.

Борис тврдел дека за таа средба не размислувал сѐ додека не му стигнала порака девет месеци подоцна во канцеларијата во Минхен од Анџела Ермакова која му рекла дека станал татко.


„Секако дека ја запаметив таа вечер. Но, не мислев дека тоа може да биде вистина“, објаснил Бекер во својата книга.

Поранешната тенисерска ѕвезда открила дека тогаш ангажирал приватни детективи да ја следат келнерката, но потоа го прифатил татковството, многу време пред ДНК тестот да го потврди неговото татковство.

Госпоѓа Бекер во меѓувреме била „изненадена“, но и „хистерична“ откако дознала за неверството на нејзиниот сопруг.

„Тоа ме стави на првите наместо на последните страници од весниците и го уништи мојот брак со Барбара иако тој веројатно секако би бил завршен. Но, добив ќерка, прекрасна млада жена која ја сакам откако е родена. Се срамам поради начинот на којшто сето тоа се случи и што го растурив семејството. Мајката на Ана и јас станавме родители, а не бевме ништо еден со друг претходно“, напишал Бекер во своите мемоари.