Свежиот слој боја е најлесниот и најпристапниот начин да ја подобрите вредноста на вашиот дом, велат дизајнерите на ентериер.
Без оглед на тоа дали вашиот простор во домот е голем или мал, модерен или традиционален, неколку слоеви свежа боја можат да имаат големо влијание врз изгледот.
„Поголем дел од луѓето не сфаќаат дека вистинската боја може моментално да го смени просторот и да создаде впечаток на луксуз“, вели Џенифер Роџерс, дизајнер на ентериер.
Бои кои ќе направат вашиот дом да изгледа поскапо
Сива
Дали сакате својата соба да ја обоите во темна нијанса? Џенифер предложува да размислите за „јагленосана“ сива.
„Искомбинирајте сива со топла металик или природни текстури во трпезаријата или дневната соба за да добиете изглед којшто навистина освојува“, објаснува дизајнерката.
Розова
Сакате нешто смело и весело, но сепак софистицирано?
„Розовата изгледа префинето кога се користи во придушени, мат тонови. Го омекнува просторот додека делува неутрално, но и натаму носи чувство на луксуз“.
Комбинација на сива и беж
Популарноста на овие бои се зголеми изминативе години.
„Добро можат да се комбинираат со природни материјали како што се дрво и камен. Оваа нијанса е потценета, но никогаш не е здодевна“.
Темнозелена
„Кога се двоумите, изберете ја бојата на парите“, советува Џенифер.
„Класична е и секогаш изгледа скапо. Таа е фантастичен избор за во дневна соба или спална. Исто така изгледа прекрасно со розови акценти“.