[ФОТО] Ова е најтоплиот грчки остров во месец мај – идеален за уживање во живописната природа и блескаво море

Точка

29/04/2025

13:45

1.468

Големина на фонт

а а а

Сезоната на летување наскоро започнува, а една од најтоплите дестинации за одмор во предсезона е грчкиот остров Кос.

Покрај пријатните температури и сончевите денови, Кос во ова доба од годината нуди и можност за мирно истражување на плажите и знаменитостите без голем број на туристи.

Во текот на месец мај, Кос има совршени температури, деновите се долги, сонцето е доволно силно, а просечните температури се движат околу 24 степени Целзиусови, што го прави најтоплиот остров во Грција во овој период.


Температурата на морето исто така е пријатна. Некои од најпопуларните плажи таму се Тигаки, Парадајс Бич, Терма, Камари и Агиос Стефанос.

Кос нуди бројни знаменитости

Освен времето кое е прекрасно, Кос нуди богатство на знаменитости. Една од атракциите е Асклепион, антички медицински центар посветен на богот на здравјето Асклепиј каде, според преданијата, учел и славниот Хипократ.

Во самиот град Кос може да шетате покрај ѕидините, да ги истражувате дворците и да го посетите дрвото за кое се верува дека под него таткото на медицината им држел предавање на своите ученици.


Кос исто така е остров на велосипедите – речиси рамната внатрешност и долго крајбрежје се прекрасни за возење покрај море. Во текот на мај, природата е во полн сјај, па и самото движење низ островот е вистинско задоволство.

Освен сончањето и капењето, Кос нуди можност за истражување на помалите села во внатрешноста.

Месец мај на Кос не е само во знакот на сонцето и морето, тогаш сѐ на островот е поживописно, поопуштено и има помалку туристи отколку во екот на сезоната. Тоа е идеално време да уживате во грчкиот шарм, автентичните таверни и непрекинатите денови поминати во сонце.