4 намирници кои ја „убиваат“ штитната жлезда: Доктори откриваат колку можат да бидат опасни – бидете внимателни

Точка

10/06/2023

12:36

14.500

Големина на фонт

а а а

Иако не постојат посебни диети кои ефикасно се користат за лекување на нарушувањето на функцијата на штитната жлезда, сепак постојат некои намирници кои можат да помогнат, но и некои кои е добро да ги исклучите од секојдневната исхрана.

Во продолжение ви наведуваме намирници кои не ѝ годат на штитната жлезда.

1. Глутен


Лицата со хипотиреоза би требало да го сведат користењето на глутен на најмала можна мера, вели Рут Фречман, доктор од Академијата за исхрана и диететика. Доколку го имате тој проблем, глутенот може да го иритира тенкото црево и да пречи во искористување на лековите за замена на хормонот за штитна жлезда.

2. Преработената храна и брзата храна е солена, но не и богата со јод


Доколку идејата е да се зголеми внесот на солена храна, да се зголеми внесувањето на јод, сепак тоа не е добро, велат експертите.

„Повеќе од 75 отсто од внесот на натриум во исхраната доаѓа од спакуваните, претходно преработени готови јадења. Она што е важно да го знаете е дека произведувачите не мора да користат сол збогатен со јод во своите производи, а тоа вообичаено и не го прават“, вели д-р Илиќ. Преголемиот внес на натриум може да доведе до зголемување на крвниот притисок, а никако до доволна количина на јод.

3. Внимавајте со кафето


Д-р Илиќ предупредува и на штетното дејство на консумирањето на голема количина на кафе затоа што има стимулативни и струмогени ефекти, што претставуваат проблем за оние кои имаат хипер и хипотиреоза. Тој факт е поддржан со аргументите дека кафето е јак стимуланс во производството на хормони кај хипертиреозата, па може да ја влоши нејзината функција, а кај хипотиреозата кафето може да пречи при преземање на јодот и спречува создавање на тироидни хормони.

4. Мрсна и пржена храна


„Потврдено е дека мастите пречат во способноста на апсорпција на лекови кои се користат како замена на хормонот на штитната жлезда“, вели Стефани Ли професор на Медицинскиот факултет во Бостон.