Симптоми на „тивкиот убиец“ - ракот: Ќе мислите дека нешто не функционира во вашиот интимен однос, додека реалноста е поинаква – Не ги игнорирајте овие 5 знаци!

Точка

09/06/2023

23:20

16.320

Големина на фонт

а а а

Симптомот кој многу жени го чувствуваат за време на интимните односи, може да е показател за опасна и смртоносна болест. Доколку ги имате овие 5 знаци, веднаш обратете се на лекар.

Болката за време на сексуалниот однос не е ретка појава. Истражувањата покажуваат дека речиси 3 од 4 жени го доживеале ова непријатно чувство во одреден период од животот. Понекогаш се јавува кај жените кои влегле во пери или менопауза, па нивното тело лачи помалку „секрет“, понекогаш причината се одредени бактерии кои го предизвикуваат проблемот …


А понекогаш причината е далеку посериозна и поопасна. Лекарите предупредуваат дека болката за време на интимниот однос може да биде симптом на смртоносен рак.


Болката е само еден од симптомите што се манифестираат кај пациенти со вагинален карцином. Станува збор за ретка форма на болест, каде, секако, многу е битно да се открие навреме, за лекувањето да биде успешно. Голем проблем е што дури 20 од 100 жени на кои им бил дијагностициран рак на вагината, немале никакви симптоми. Лекарите апелираат, доколку забележите било какви загрижувачки знаци, нешто што досега не сте го доживеале, задолжително да побарате помош што е можно поскоро.


Националната здравствена служба (НЗС), истакнала, дека, освен болката, постојат уште 5 битни симптоми на вагинален карцином на кои треба да внимавате:

- Крвавење после сексуален однос;
- Вагинален исцедок кој има мирис или е обоен со крв;
- Грутка или израсток во вагината што вие или вашиот лекар може да ги почувствуватe;
- Вагинално чешање кое не престанува;
- Крвавење помеѓу менструацијата или по менопаузата.



Како што било напоменато, постојат и други причини за овие симптоми, не мора да значи дека станува збор за карцином на вагината, но дефинитивно строго се препорачува посета на лекар.




Спонзорирани линкови

Маркетинг