(Фото) Изненадување за 75-тиот роденден: „Porsche“ претстави суперспортски електричен автомобил

Точка

09/06/2023

16:15

15.261

Големина на фонт

а а а

Целта била овој електричен хиперспортски автомобил да има однос на сила и маса 1: 1, на една коњска сила – еден килограм.

„Porsche“ одлучи роденденот да го прослави со специјално изненадување за фановите.

Минаа 75 години од првиот модел на компанијата, „Porsche 356 бр. 1“, а тој момент треба посебно да се одбележи.


Моделите „918“ и „Carrera GT“ биле суперспортски автомобили со кои германскиот произведувач на автомобили своевремено покажал дека може и знае да прави што сака, а сега дојде време за нова генерација.

„Mission X“ е нов концепт, кој во некој момент ќе влезе во сериско производство.


Планот е да се направи најбрз автомобил кој ќе мине 22 километри долг круг на легендарната патека „Nurburgring nordschleife“ за најкратко можно време, што значи да се надмине резултатот од 6:35,183 кој го поставил „Mercedes-AMG One“ минатата година.

Целта била овој електричен хиперспортски автомобил да има однос на сила и маса 1: 1, на една коњска сила – еден килограм.


Тоа ќе биде посебно голем предизвик за електричен автомобил поради, секако, батеријата и големата маса. Односно, не е предизвик ако, на пример, имате 2000 коњски сили и 2000 килограми, но тогаш ќе се изгуби агилноста, посебно на патеки со кривини.

Тоа значи дека „Mission X“ можеби е послаб од „Rimac Nevera“, но затоа е многу полесен.


Внатрешноста, очекувано, е пример за спортски минимализам.

Речиси ништо не се знае за спецификациите на ова „Porsche“. Откриени се само некои детали, како оној дека батеријата се наоѓа зад возачот и дека користи технологија од 900 волти, која гарантира многу брзо полнење.




Спонзорирани линкови

Маркетинг