Анџелина Џоли ја шокирала јавноста со својата изјава: „Со моите посвоени деца сум поблиска отколку со биолошките“

Точка

08/06/2023

16:03

7.673

Големина на фонт

а а а

Анџелина Џоли го има своето проширено семејство полно со љубов, заедно со нејзините биолошки и посвоени деца. Кога станувало збор за нејзините ќерки, Шајло и Захара, Анџелина со секоја од нив воспоставила различен однос, а причината за ова е бидејќи тие имале различно детство и воспитување.

За време на снимањето на филмот „Lara Croft: Tomb Raider“, ѝ се случила емотивна промена. Тогаш таа направила храбар потег кој засекогаш ѝ го променил животот – одлучила сама да посвои дете. Така, Мадокс станал првото дете кое го зела во своите прегратки.


По неколку години, Анџелина донела одлука да посвои уште едно бебе и тогаш нејзините животни патишта се вкрстиле со Захара. Во моментот кога се запознале, веднаш се случила конекција и за бргу таа станала незаменлива во нејзиниот живот. Во јули 2005 година, Анџелина официјално ја посвоила Захара.


Сите веднаш ја засакале и прифатиле, особено нејзиниот постар брат. „Кога Захара дојде дома, имаше 7 месеци, па за Мадокс тоа било како да има домашно милениче кое може само да го држи и да го гледа. Тој е одличен“, изјавила тогаш Анџелина. Сепак, на почетокот имало и тешки мигови. Само неколку часа откако малата Захара дошла во новиот дом, била однесена на лекарски преглед. Се покажало дека таа се борела со бактериска инфекција, салмонела. Меѓутоа, со љубовта на Анџелина и соодветната медицинска грижа, успеала да го надмине тоа.


Во 2006 година, Анџелина и Бред го добиле своето прво биолошко дете, девојче по име Шајло. Уште од самото раѓање било очигледно колку Шајло наликувала на двајцата свои родители, оваа впечатлива сличност со нив ја разликувала од нејзините посвоени брат и сестра.


Актерката еднаш изјавила: „Таа е како „натрапник“ во семејството, со оглед на тоа колку е русокоса и светла“. И покрај тоа што секогаш сакала свое дете, кога ја прашале за чувствата кон Шајло, Џоли јасно нагласила дека не сака да го фаворизира своето биолошко дете пред посвоените. Таа истакнала љубовта е темелот на семејството, без разлика на крвното сродство и дека секое дете ја носело својата посебност и неповторливо присуство во семејната динамика.

Џоли, исто така, отворено кажала дека би била совршено среќна и доколку немала свое биолошко дете. Таа, исто така, била сведок на длабоката конекција помеѓу Бред и нивните посвоени деца. „Го видов Бред со Шајло и Мадокс и сфатив колку ги сака и двајцата и како на ниту еден начин не го двоеше нашето биолошко дете од посвоените“, биле нејзините зборови.


Кога разговарала за нејзините деца, Џоли ја нагласила важноста на љубовта која надминувала многу биолошки врски. Признала, дека, иако гледањето на Шајло за првпат било незаменливо и прекрасно искуство, тоа не ја засенило длабоката емотивна поврзаност што ја почувствувала кога првпат ја запознала Захара.


Анџелина Џоли рекла дека заедничките споделени искуства на болка и неволји, создал нераскинлива врска меѓу неа и нејзините посвоени деца. Таа открила: „Чувствував многу поголема емпатија за Мед, Захара и Пакс, бидејќи тие преживеаа премногу работи. На крајот на краиштата, Шајло е привилегирана од моментот на нејзиното раѓање“.

Џоли ги препознала различните карактери и посебност на секое нејзино дете, како и одговорноста што ја имала да ги задоволи нивните индивидуални потреби, а пак да биде сигурна дека нејзината љубов и внимание биле подеднакво распределени. „Секако дека сум свесна дека морам да се погрижам да не ги игнорирам нејзините потреби, само затоа што мислам дека другите се поранливи од неа.


Анџелина отсекогаш била многу повеќе од актерка која секој пат го засенува црвениот тепих со својата безвременска убавина, таа е олицетворение на сочувствително човечко битие со емпатија, посветена мајка и неуморен хуманитарец. Џоли ги искористила придобивките од својот привилегиран живот за да направи позитивна разлика во светот преку нејзините филантропски активности.




Спонзорирани линкови

Маркетинг