Гордо ја носи титулата „божица на стилот“ во фустан стар 34 години: Сопругата на катарскиот шеик одржа уште една модна лекција

Точка

07/06/2023

16:39

10.660

Големина на фонт

а а а

Церемонијата по повод венчавката на најстариот син на јорданскиот крал Абдула и принцезата Ранија, принцот Хусеин и неговата избраничка, беше проследена со листа на ексклузивни гости од целиот свет.

Една од највпечатливите гостинки дефинитивно била Моза бинт Насер, сопруга на шеикот Хамад бин Калифa Ал Тани, некогашниот катарски емир, и мајка на сегашниот емир.

Нејзините модни изданија беа под будното око на светската јавност на минатогодишното Светско првенство во фудбал во Катар, а ни овојпат нејзиниот избор не поминал незабележано.

Бидејќи кодексот на облекување во Катар наложува жените да носат абаја – долга наметка која го покрива целото тело, Моза пронашла начин и покажала дека дури и облечена во согласност со традицијата може да изгледа привлечно.

Моза на венчавката се појавила во креација на модната куќа „Valentino“, која се состоела од долга црна тоалета, а посебна доза на гламур и впечатливост внесувал сатенскиот кафтан со многу ефектна шара во комбинација на розова и црна боја.

Оваа креација датира уште од 1989 година. Моза го надополнила целиот стајлинг со салонки во розова боја, црн турбан и ефектни обетки.

Инаку, за стилот на првата дама на Катар пишуваше и познатиот „Vogue“ кој ја смести во 5-те најдобро облечени жени на светот. „Vanity Fair“ ја прогласи за најдобро облечена дама со сина крв, а за Џулиен Мекдоналд таа е новата Џеки Кенеди.

Инаку оваа убавица има 63 години и е мајка на 7 деца, а многумина се сложуваат дека изгледа двојно помладо.

Во продолжение, дел од нејзините изданија со кои го воодушеви модниот свет:




Спонзорирани линкови

Маркетинг