Џек Николсон и Анџелика Хјустон биле златниот пар на Холивуд цели 18 години, но актерот направил грешка која засекогаш ставила точка на нивната врска.
Во 1973 година кога Анџелика била млада богаташка, дошла на забава која ја организирал Џек Николсон.
Кога таа вечер влегла во неговата куќа во елитниот дел од Лос Анџелес, не излегла од неа наредните години затоа што парот одлучил да живее заедно.
Меѓутоа, младата Анџелика не сакала да биде „само девојка на Џек Николсон“, па се запишала на глума.
Но, во 1980 година тие доживеале тешка сообраќајна несреќа и таа се отселила од куќата на Џек Николсон, купила сопствена куќа и започнала да ја гради својата кариера, а подоцна го освоила и својот прв Оскар.
Со Џек Николсон наводно останала во љубовна врска и парот редовно се слушал на телефон, додека Николсон кажал дека најдобар момент во животот му било кога ја гледа Анџелика како освојува Оскар.
Парот заедно бил 18 години, а прашањето за брак „постојано лебдело во воздухот“.
„Од неа постојано барам да се венча за мене. Таа некогаш одбива, некогаш вели да“, раскажал Николсон.
Меѓутоа, Анџелика сметала дека Николсон е советуван од страна на адвокат и менаџерите да се венча за да заштеди пари, а тоа за неа било неромантично.
Сепак, парот се обидел да има деца, но Анџелика никогаш не останала бремена.
Наместо деца, Николсон на Анџелика ѝ подарил слон, а актерката сакала да го задржи само доколку не било толку тешко да се транспортира.
Колку нивниот однос бил чудесен сведочи и прекарот кој Николсон ѝ го дал на Анџелика – „фаб“, како фабулозна, а од друга страна Анџелика во 2019 година признала дека толку долго останала во врска со него од причина што тој имал голем полов орган.
Во 1980 година Николсон, Анџелика ја нарекол негова љубов на животот, но потоа додал: „Постојат и други жени во мојот живот кои едноставно ми се пријателки. Тоа што нашата врска е успешна најмногу зависи од флексибилноста на Анџелика“.
Подоцна Хјустон признала дека Џек бил толку дискретен со своите љубовници што само преку ситници можела да забележи дека ја изневерува.
„Повремено ќе најдев женско парче облека или ќе ја видев својата јакна на некоја девојка или ќе најдев крема за раце или сапун од друга жена“, раскажала актерката.
Сепак во 1989 година нивната љубовна врска засекогаш била прекината и тоа на суров начин. Николсон ја изнел Анџелика на вечера и среде ресторан ѝ рекол: „Некој ќе има бебе...“. А, тој некој била неговата љубовница Ребека Брусард.
Анџелика тогаш рекла: „Во таа приказна има место само за една жена и јас ќе бидам таа која ќе се повлече“.
Подоцна, кога дошла дома наводно Анџелика побеснела и го удирала Николсон со сè што ќе ѝ дојдело при рака.
„Бев во дилема. Знаев дека раѓањето на дете е благослов, но бев во прекрасна врска со Анџелика. Беше добро колку што може да биде добро со некој. Веднаш ѝ кажав за што станува збор, а таа донесе одлука наместо нас двајца. Нејзиниот прв одговор беше: Мораш да бидеш покрај таа жена, а нејзиниот втор одговор беше да ме претепа. Навистина ме тепаше кога ви велам“, раскажал децении подоцна Николсон.
Првиот Божиќ по раскинувањето Николсон на Анџелика ѝ испратил накит – алка од бисери. Истата онаа која Френк Синатра ѝ ја подарил на Ава Гарднер додека актерот со неа ѝ испратил и порака:
„Овие бисери се од твојата свиња. Среќни празници, уживај!“.