Инстаграм приказна на Дејан Главчев: „Имав можност да работам во ресторан со една мишелин ѕвезда, најголема инспирација ми се старите македонски рецепти...“

Точка

07/06/2023

03:18

18.428

Големина на фонт

а а а

Денешната Инстаграм приказна ја посветуваме на вкусната храна и на сите оние кои сакаат да уживаат во неа, а како главен „актер“ во истата се најде младиот и талентиран готвач Дејан Главчев.

Дејан вели дека најтешко му е да зборува самиот за себе, но за „Точка“ отворено зборуваше за љубовта кон готвењето која ја има уште како млад.

„Учев во угостителското училиште во Крушево „Наум Наумоски Борче“ и од тогаш, па сè до денес не згасна таа љубов и страст кон готвењето. Најголема инспирација ми се нашите стари македонски рецепти кои многу сакам да ги изменам, оживеам, да им дадам некој посебен и модерен твист“, вели Дејан.

Дејан својата љубов кон готвењето сака да ја пренесе и на другите кои секојдневно го посетуваат неговиот Инстаграм профил на којшто може да се најдат навистина интересни рецепти кои секој може да ги примени во секојдневието:

„Секој ден неуморно заедно со Бојан Илиески, кој е одговорен за фотографија и видео се трудиме Инстаграм профилот да изгледа како што изгледа. Целта ми е што повеќе да ги инспирирам луѓето и да им ја пренесам љубовта кон готвењето, да додадам дека најважната состојка во готвењето е ЉУБОВТА и без неа рецептот нема душа и не е комплетен“, заклучува Дејан.

Да го запознаеме Дејан Главчев низ 5 негови објави на Инстаграм:

1. Топеница (тоа име е од Прилеп) - овoј рецепт е многу стар и памтам секогаш кога одев кај баба ми ја терав да ми направи Топеница. Се прави од стар леб напрскан со вода, буковец, овчо сиренце и свинска маст  и има посебно значење за мене, а мастер во овој рецепт беше баба ми Нада кој за жал не е повеќе меѓу нас. 


2. Леб „sourdough“ или леб со кисело тесто - обожавам лебови, исто така обожавам месени работи и сакам да експериментирам со нив а и ние сме таква нација што сме „лебари“... Да бидеме искрени сакаме добро лепче .


3. Копанче на ориз или попознато како тава со ориз и копанчиња - копанчиња на ориз беше едно од моите омилени јадења кое мајка ми, ми ги спремаше редовно. Оваа фотографија покажува колку сакам да експериментирам со храната и од тава на ориз си го креирав овој рецепт кој малце го измодернизирав на мој начин.


4. Од секогаш ми било желба да работам во некој престижен/луксузен ресторан и лани ми се оствари таа желба .

Имав можност да работам и да учам во ресторан со една мишелин ѕвезда, беше многу, многу напорно, но истовремено и премногу возбудливо . 


5. На оваа фотографија е претставен еден француски десерт „Mille fueille“ кој тука ја отсликува мојата посветеност и пожртвуваност во работата која ја работам. Секогаш сакам сè да е перфектно, убаво и прецизно. 

М.Н.



Спонзорирани линкови

Маркетинг