(Фото) Регионот доминира: Истражувањето ги потврди 10-те најдобри земји за соло патување

Точка

06/06/2023

10:17

15.690

Големина на фонт

а а а

Поради тоа што соло патувањата продолжуваат да бидат сè попопуларни, авантуристичките индивидуалци од целиот свет одат на пат за да го истражат светот.

Новата студија на компанијата „Bounce“ ја ставила Хрватска на врвот на листата најдобри земји за такви патувања.

Компанијата која на над 8.000 локации во над 1.000 градови ширум светот има места за складирање на багажот, издвоила 10 најдобри места за соло патување.

Истражувањата ги спровеле експерти за патување и анализа како што се бројот на атракции, цени на сместувањето и храната, просечната температура и безбедност, а тие покажале кои се најдобрите избори за соло авантуристите.

Хрватска е позната по своите природни убавини, плажите кои го одземаат здивот и неверојатните историски знаменитости. Хрватска нуди разновидни понуди на искуства кои ќе ги задоволат сите желби на патниците, наведува „Croatiaweek“.

Сликовитите краишта на земјите, пространите шармантни градови, островите и прекрасните национални паркови нудат восхитувачка позадина за соло истражувања.

Интересно е да се наведе дека на третото место се наоѓа Словенија, земјата која еднакво е добра и за семејни одмори и за соло посети, што оваа листа го потврдува тоа.

Листата од најдобри десет земји за соло патувања изгледа вака:

1. Хрватска


2. Малта


3. Словенија


4. Португалија


5. Исланд


6. Грција


7. Унгарија


8. Шпанија


9. Сингапур


10. Израел




Спонзорирани линкови

Маркетинг