(Фото) Цените на Јадранот повторно „дивеат“ – гостин згрозен од сметката за ќебапи, локалните жители се бранат: „Си го почитуваме нашето...“

Точка

03/06/2023

14:32

23.024

Големина на фонт

а а а

Неколку сметки од угостителски објекти во Трогир последниве денови се појавија во хрватските медиуми, а згрозените граѓани се шокирани со парите кои требале да ги издвојат за кафе, ќебапи и други производи.

Откако Зоран Шпрајц, со својата објава за цените на Јадранот иницирал бројни реакции и дебати на социјалните мрежи, тврдејќи дека цените „не дивеат“, сметката од Трогир носи спротивен заклучок.


Имено, „Слободна Далмација“ изминативе неколку денови во неколку наврати објавила сметки од овој град, а гостите биле прилично изненадени.

Станувало збор за различни угостителски објекти, но и различни производи кои тие ги плаќале.

Истиот медиум пред неколку денови објавил сметка која гостин во локал во Трогир ја добил за кафе со млеко, а морал да издвои 4,5 евра. Тој платил уште една сметка за тоник, а за кој во угостителскиот објект во истиот град морал да издвои 7 евра.


Последна во низата објави била онаа за ќебапи во „fast food“ објект. Гостинот го фотографирал менито од угостителскиот објект, а тука е наведено дека ќебапите чинат 6,5 евра додека со помфрит би платил 4 евра дополнително.

Земајќи го предвид бројот на вести за скапите оброци на Јадранот во последните неколку денови, делува дека на локалците не им се допаднало тоа, па „Слободна Далмација“ пренела и писмо кое им стигнало.


Имено, една госпоѓа луто истакнала дека на полоши дестинации е многу поскапо и дека не треба да се пишува за високите цени затоа што многумина живеат од туристите.

„Луѓето од целиот свет ја гледаат таа убавина за никакви пари. Затоа немојте да нè правите скапа дестинација затоа што тоа не сме. Го почитуваме нашето и не пишуваме дека сме скапи затоа што сме најубави и најдобри“, порачала госпоѓата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг