Холивудската убавица се појавила без шминка и во природно издание – јавноста изненадена од разликата во изгледот: „Ова е измама на деценијата“

Точка

02/06/2023

18:27

13.049

Големина на фонт

а а а

Американската актерка Дона Дерико, која се прослави со улогата во хит-серијата од 90-тите години „Чувари на плажата“, била забележаа на улиците во Лос Анџелес во опуштено, спортско издание, без грам шминка.

Дона била фотографирана во друштво на својот син Рајан, а ова практично е единствената можност во последните неколку години како актерката била забележана без шминка на јавно место, а разликата е навистина очигледна.

55-годишната актерка прошетала во бел, широк комбинезон, патики и со капа на главата во опуштено издание, а на лицето немала ниту грам шминка. Изгледала значително поразлично отколку на Инстаграм или на црвениот тепих кога секогаш е тип-топ средена.


Коментарите на социјалните мрежи и порталите на сметка на Дона биле немилосрдни, со оглед на тоа што таа практично е поразлична жена на својот Инстаграм профил од реалноста.

„Ова е голема измама“, „И, мислев дека твојата убавина е „филтер“ убавина“, „Ова е нереално“, „Буквално ги лажеш луѓето“, „Разликата е екстремна“, биле само дел од коментарите за нејзиниот изглед.

Инаку, Дона своевремено била наречена и за своевиден феномен во Холивуд, со оглед на минималната промена во изгледот од младоста. Но, многумина се убедени дека нејзината младоликост е резултат на пластичните операции, а таа и самата го потврдила тоа.


Таа во 2017 година дури и снимила документарен филм во кој открила дека има правено липосукција и средување на стомакот, но и задникот.

„Родив две деца и имам 49 години. Слабеев, се дебелеев. Сакав повторно да изгледам убаво и сигурно во моја кожа“, изјавила таа пред неколку години.


Да ве потсетиме, оваа дама до 2019 година била во врска со милионерот Доналд Фрајс Џуниор, а парот практично бил неразделен, но сепак ставиле точка на тој однос. Пред него таа 11 години била во брак со Ники Сикс со кој добила син и ќерка.




Спонзорирани линкови

Маркетинг