Оваа европска земја има најмногу автомобили по глава на жител, а дали знаете каде е Македонија на листата?

Точка

01/06/2023

20:29

17.110

Големина на фонт

а а а

Просечниот број на патнички автомобили по жител во Европската унија во 2021-ва година пораснал од 0,53 на 0,57, покажуваат податоците од Заводот за статистика на ЕУ (Еуростат) за 2021-ва година.

Најмногу автомобили во ЕУ на 1.000 жители имале Полска (687) и Луксембург (682), а најмалку Романија (400) и Летонија (402).

Податоците покажуваат дека државите членки од западниот дел на ЕУ забележале повисока стапка на моторизација (патнички автомобили на 1.000 жители) од државите во централна и источна Европа. Меѓутоа, на регионално ниво, постоеле значајни разлики во сопствеништвото на автомобили внатре во ЕУ.


Од Еуростат нагласуваат дека, иако регионалните стапки често се поврзани со економската ситуација, на нив може да влијаат и специфични околности. На пример, високиот степен на моторизација во Долината Аоста (Италија) има врска со поволните даночни правила.

Еуростат дал податоци и за некои земји кои не се членки на ЕУ. Така, во Македонија, евидентирани се 231 патничко возило на 1.000 жители.


Од земјите на поранешна Југославија, во Србија евидентирани се 324 возила на 1.000 жители, во Хрватска 465, а во Словенија 564. Податоци за Црна Гора и БиХ не се достапни.

Најголема просечна годишна стапка на раст на бројот на патнички автомобили на 1.000 жители, во период од 2001. до 2021. меѓу членките на ЕУ имала Романија (5,4 проценти), а следи Полска со 4,5 проценти.


На спротивниот крај на листата се Малта и Холандија, Шпанија, Франција, Италија, Белгија, Австрија, Германија, Луксембург и Шведска, кои регистрирале просечна годишна стапка на раст под еден процент.

Генерално балтичките, источните и централноевропските земји на ЕУ забележале поголем раст од западните земји на ЕУ во последните две децении.




Спонзорирани линкови

Маркетинг