Зборови кои ги скршиле луѓето: Tинејџерка (17) на која ѝ останаа уште неколку месеци живот побара од пејачот да го добие „првиот и последен бакнеж во животот“

Точка

31/05/2023

23:33

13.685

Големина на фонт

а а а

Мајката на Иден Луис (17), минатата година ѝ приредила матурска прослава на својата ќерка, која боледувала од најтешкиот облик на рак на коските. Лекарите на тинејџерката ѝ предвиделе уште неколку месеци живот, а нејзината мајка дава сè од себеси времето што ѝ преостанува да го помине на најдобар можен начин.

Иден, колку што можела, одела на училиште и била со другарите, но бидејќи била слаба и не можела да се дбижи, нејзината мајка организирала матурска прослава за ќерка си и ги замолила соучениците и пријателите да ѝ помогнат.


Иден неодамна на „Фејсбук“ објавила дека ќе присуствува на концертот на британската музичка ѕвезда, Хари Стајлс во Кардиф на 21 јуни и побарала од него да ѝ исполни желба.

Хари Стајлс моментално е на турнеја со последниот албум „Harry’s House“. „Првиот и последен бакнеж. Имам 17 години и сум болна од рак. Ова би бил мојот прв бакнеж, а можеби и последна прегратка. Твојот верен обожавател, кој умира“, напишала Иден.



Набргу откако го објавила ова на „Фејсбук“, фановите сториле сè за пораката да стигне до Хари, но тој сè уште се нема огласено.


Рак на коските

Остеосаркомот, најчестиот рак на коските, обично се јавува кај деца и луѓе на возраст меѓу 10 и 30 години и најчесто започнува во рацете, нозете или карлицата. Јуинговиот сарком е исто така почест кај децата и младите возрасни. Најчесто започнува во рацете, градите, нозете, карлицата и ’рбетот. Луѓето на возраст над 40 години имаат поголема веројатност за хондросарком – обично во рацете, нозете или карлицата. Видовите на канцер како што е леукемијата, кои започнуваат во сржта – ткивото на некои коски, не се сметаат за рак на коските.




Спонзорирани линкови

Маркетинг