(Видео) Пат кој води во океан: Траса од 180 километри со поглед на прекрасни острови и делфини

Точка

30/05/2023

18:06

17.664

Големина на фонт

а а а

Патот од Мајами до Ки Вест на Флорида не бил отсекогаш толку безгрижен како денес.

Пред патот да биде направен, единствен начин да се мине тоа растојание бил еднодневен излет со брод, а пловидбата зависела од времето и плимата.

Патот кој води до океанот е спектакуларен. Овој прекуморски автопат е долг 180 километри и го поврзува полуостровот со Ки Вест. Инженерското чудо е изградено во 30-тите години од 20-тиот век на трасата на железничката пруга која била уништена од ураган. Ки Вест е најјужната точка на континенталниот дел на САД, од каде Куба е поблиску од Мајами.

Патот од Мајами до Ки Вест на Флорида не бил отсекогаш толку безгрижен како денес. Пред патот да биде изграден, единствен начин да се мине тоа растојание бил еднодневен излет со брод, а пловидбата зависела од времето и плимата. Славниот прекуморски автопат води преку 44 острови и 42 мостови, а во просек се минува за помалку од четири часа – ако можете да одолеете да застанете на некоја од станиците на патот. Таму ќе пронајдете совршени места за нуркање, како и музеј во кој можете да дознаете нешто повеќе за некогашната железница, која некогаш се нарекувала светско чудо.

Пејзажите во кои можете да уживате додека возите е тешко да се опишат со зборови. Небо кое се претопува во тиркизното море, варовнички острови, чамци кои скокаат по брановите и делфини кои ја дополнуваат спектакуларната глетка.



Спонзорирани линкови

Маркетинг