Драматично, провокативно, ефектно: Вака изгледа фустан кој го привлекува целото внимание на црвениот тепих

Точка

29/05/2023

21:19

8.110

Големина на фонт

а а а

Вчеравечер на Канскиот филмски фестивал се одржаа премиерите на филмовите „The Idol“ и „Zero Club“.

Како еден од модните трендови на црвениот тепих се издвои трендот на т.н. „голи“ фустани со наметки и перја, а дека овој тренд е во свој ек зборува и појавувањето на една од најпознатите модни блогерки на светот во токму такво издание.

Леони Хана, модна блогерка од Германија, се појавила на црвениот тепих по повод премиерата на филмот „The Idol“.


За таа прилика таа избрала долг син, сирена-фустан со кристали и шлиц на средината, кој ги откривал нејзините ефектни сребрени сандали.

Како додаток носела перја во боја на фустанот кои му давале доза на драматичност на целиот изглед.


Иако фустанот е едноставен и елегантен, на прв поглед остава провокативен впечаток со оглед на тоа дека горниот дел од креацијата е направен така да делува дека станува збор за „гол“ модел кој често се гледа на црвениот тепих.

Што се однесува до шминката, таа била едноставна, со акцент на очите кои биле во боја на креацијата. Косата на Леони била крајно едноставна - собрана во пунџа, а особено внимание привлекувал нејзиниот накит – тенок светкав ѓердан и дискретни, но ефектни дијамантски обетки.