Дали опстануваат врските со големи разлики во годините? Еве ги идеалните – стапката на развод е речиси непостоечка!

Точка

28/05/2023

18:18

21.491

Големина на фонт

а а а

Еве како одредени разлики во годините меѓу партнерите влијаат на самиот однос.

Во денешно време разликите во годините меѓу партнерите стануваат сè поголеми. Се наметнува прашањето колкав „рок на траење“ имаат таквите односи, дали водат до развод почесто и која разлика во годините е оптимална.
Според најновите истражувања, колку е поголема разликата во годините, толку е и поголема веројатноста за разделба. Идеалните односи се помеѓу врсниците. На универзитетот „Емори“ во Атланта е спроведено истражување во кое учествувале 3.000 испитаници.




Кај паровите меѓу кои разликата е 5 години, имаат околу 18% веројатност за прекин на односот. Истражувањето исто така истакнало дека односите меѓу паровите, каде што разликата во годините е 20 или повеќе, раскинуваат многу почесто. Најдобар избор би било да се најде емотивен партнер близок до нашата возраст и тогаш стапката на развод би била сведена на минимум.




Исто така, статистиките покажале дека добивањето бебе пред брак може да помогне да се намалат шансите за развод.
Спротивно на популарното верување, истражувачите веруваат дека идеалната разлика меѓу емотивните партнери е околу 1 година. Кај овие парови, стапката на развод речиси и да ја нема, кога се во прашање годините. „Секако, во врските и браковите секогаш постојат други причини за недоразбирања, па дури и за развод“, истакнал Хуго Малон, еден од истражувачите на студијата.




Како што истакнал Дејвид Бенет, експерт за емотивните односи помеѓу партнерите, горенаведените примери им помагаат на луѓето да најдат заеднички интереси со партнерот во одредена возраст. „Не ги советувам моите клиенти слепо да ги следат правилата, но ги охрабрувам внимателно да размислат за горните и долните граници“, истакнала Керол Родерик, експерт за односи и врски.





Спонзорирани линкови

Маркетинг