Ублажете ја здодевната главоболка на природен начин: 5 намирници на кои ќе им бидете навистина благодарни

Точка

19/05/2023

16:37

8.701

Големина на фонт

а а а

Луѓето кои имаат проблем со главоболка често прво посегнуваат по лекови, што секако е погрешно.

Постојат низа целосно природни лекови, односно намирници кои можат да помогнат во смирување на главоболката. Еве за кои намирници станува збор.

Банана

Доколку чувствувате дека почнува напад на мигрена, наместо преработена храна како што се слатки, подобра идеја е да посегнете по банани. Нивната тајна е во тоа што брзо даваат изобилство на енергија и содржат многу магнезиум кој делува благотворно кај луѓето кои се мачат со главоболка. Покрај тоа, дури 74 отсто од бананите се составени од вода, па тие се прекрасни и за хидратација на организмот.


Семки

Со оглед на тоа дека недостатокот на магнезиум е еден од најчестите нутриенти, надополнувањето на овој минерал е задолжително, а тој во огромна мера се наоѓа во чија семките, семките од тиква...

Чаеви

Покрај тоа што чајот хидрира, доколку внимателно го изберете растението, може да ги ублажите симптомите на мигрена. На пример, нането е познато по олеснување на притисокот во пределот на синусите, што е чест симптом за синусна главоболка, а чајот од нане ќе помогне кога се инхалирате и кога го пиете.


Чоколадо

Доколку ве боли глава затоа што го намалувате или целосно го исфрлате консумирањето на кафе, тогаш јадете повеќе чоколадо. Покрај тоа, темното чоколадо е богат извор на магнезиум.

Печурки

Во одредени случаи, до главоболка доаѓа кога ќе ослабне апсорпцијата во цревата, при што може да помогне витаминот Б2. Него најмногу го има во печурките, а потоа во овошјето, јајцата, а тој делува и како превенција на главоболката поврзана со мигрена.




Спонзорирани линкови

Маркетинг