Азиските деца се најздравите на светот, но овие 11 навики се незамисливи на Балканот

Точка

11/05/2023

22:11

12.147

Големина на фонт

а а а

Неколку истражувања покажале дека азијските деца се најздрави во светот. Кои од нивните навики би можеле да ги вклучиме во секојдневниот живот и на нашите малечки?

Многу азиски земји вклучиле одредени норми во животот на децата, благодарение на кои тие се поздрави од своите врсници од остатокот на планетата. Кои се тие правила?

• Не им дозволуваат на децата да читаат од премногу блиску

Во многу кинески училишта, на пример, се поставени одредени препреки кои им помагаат на децата да останат здрави. Читањето со очите премногу блиску до книгата го оштетува видот, па на клупите во училиштата се поставени шипки, со цел да се спречи тоа и децата да одржат правилно држење на телото.

• Вежби за очи

Во кинеските основни и средни училишта, од учениците се бара да прават вежби за очи кои ја подобруваат циркулацијата и ги релаксираат очните мускули. Вежбите се состојат од 6 серии кои вклучуваат триење на различни регии на очите, а се прават 2 пати на ден.

• Тестовите се прават надвор

Праксата на пишување тестови надвор има за цел да ги спречи учениците да мамат за време на решавањето, бидејќи наставниците можат да ги оддалечат едни од други, што во училница не е толку изводливо. Тоа не е сè, бидејќи постојат и здравствени бенефити – покрај тоа што се на свеж воздух и сонце, престојот надвор го намалува нивото на стрес кај децата.


• Носат маски

 Во Јапонија, многу луѓе носат маски и тоа е најнормална навика. Истото важи и за децата.


• Онлајн настава

Кога постојат ситуации каде што не е безбедно да се оди со физичко присуство на училиште, некои кинески наставници одржуваат часови преку интернет. Но, наместо претходно да ги снимаат часовите, тие се приклучуваат во живо. На тој начин децата не пропуштаат ништо, дури и кога временските услови се непогодни. Онлајн наставата им помага и на децата кои живеат подалеку од училиштето и на кои им е тешко да стасаат до истото.

• Мали порции

Училишните оброци во Јапонија се наменети да ги спречат децата да се гладни, но тие оброци генерално немаат главно јадење. Порциите се мали и вклучуваат риба, зеленчук, месо, а состојките се локално одгледувани.


• Престој надвор

Во Јужна Кореа, планинарењето и кампувањето стануваат сè повеќе популарни. Дури и оние кои живеат во градовите почнаа да поминуваат повеќе време во природа, а на тој начин се зачувува менталното здравје на возрасните и децата.


• Прошетка до училиште

Во многу азијски земји децата одат пеш до училиште, наместо со автобус, особено во урбаните средини.

• Контролирана употреба на интернет

Владата во Јужна Кореја вовела закони кои ги спречуваат децата помлади од 16 години да користат интернет после полноќ. Кампови каде што младите се рехабилитираат од зависноста од интернет, се распространети насекаде низ земјата.


• На децата им е дадена поголема одговорност

Во Јапонија, нормално е децата да вршат многу активности самостојно. Се очекува од нив сами да доаѓаат од училиште, да ги извршуваат домашните задачи а помагаат и во чистењето на училниците. На овој начин тие учат да бидат независни и одговорни и подобро да се грижат за себеси.

• Здрави оброци

Многу азијски земји нашле различни начини кои помагаат детските оброци да бидат што е можно поздрави. Во Јапонија, зеленчукот е главното јадење во еден оброк, а значително помалку се јаде месо, млечни производи и шеќер. Супата е задожителна на трпезата, а во оброците во Кина многу се користат и гоџи бобинките, маточината и ѓумбирот.