Следела навигација, па завршила во океан

Точка

07/05/2023

12:48

4.301

Големина на фонт

а а а

Технологијата е од помош, но само додека не ја земате „здраво за готово“.

Имено, технологијата има свои ограничувања и на крајот човекот е тој што мора да ја донесе одлуката. Госпоѓата од видеото се подготвувала за излет, но тоа сигурно не го замислувала вака.

Како што известува „Hawaii News Now“, туристката доследно ја следела GPS навигацијата и завршила со својот автомобил во пристаништето, поточно, во Хонокохау во Каилуа-Кони на Хаваите.

Жената која го возела автомобилот и лицето на местото со совозачот успеале безбедно да излезат низ прозорците со помош на локалниот персонал, пред возилото да потоне.