Најголемиот број на кучиња сепак лаат кога се вознемирени – нешто слушнале или некој пристигнува. Меѓутоа, постојат кучиња кои лаат и кога им е здодевно.
Сепак, секогаш треба да ја откриете причината зошто кучето лае и да го смирите.
Кучиња кои се најбучни:
Чивава
Сите мислат дека ова куче најмногу лае меѓу расите кучиња, и целосно се во право. Чивавата лае штом се исплаши, а многу е плашлива. Лае од страв кога е сама во станот, но и од среќа кога некој е со неа. Позната е и како куче кое најмногу го уништува мебелот.
Германски овчар
Најпаметното куче кое е родено да го чува сопственикот и куќата, но исто така лае и кога пристигнува некаква опасност – лесно се дресира.
Бигл
Темпераментни и гласни. Биглот лае на сè што мрда и создава звук. Ова не куче за во стан затоа што секој шум го возбудува. Не само што ќе ги нервира вашите соседи туку го нервира и сопственикот. Биглот мора постојано да има занимација за да биде мирен.
Басет
Најмногу лае кога е среќен, но и кога ќе остане сам. Не е фер кон соседите ова куче да живее во стан и често да останува само. Басетот мора да знае кој е главен и неопходна му е дресура.
Џуџест пинч
Многу темпераментни и здодевни кучиња. Тие се добри чувари, но многу се неомилени кај соседите. Лае на сè и сешто и неопходна му е дресура.