Британски „Телеграф“ ја претстави листата од дестинации за 2023 година кои треба да ги посетите барем еднаш во животот, а интересно е тоа што популарната дестинација Дубровник, заменета е со нова.
„Она што некогаш беше пожелна дестинација и тура која ви се вртеше во главата, сега „The Travel Bucket List“ ја нарече авантура низ која треба да поминете пред да умрете“, наведува британски „Телеграф“.
Појаснувајќи што треба да се најде на таквата листа се истакнува дека треба да се вклучи дружење со некој од големите светски градови, увид во древен Египет или крстарење до Антарктикот.
„Со текот на времето се менуваат мислењето, расположението, а тоа што било одржливо дури пред неколку години може одеднаш да застари“, се наведува.
Така „Телеграф“ наведува дека Дубровник повеќе не е во мода, а дека неговото место го зазел Сплит.
„Издигнувањето на највлијателниот хрватски град во последните децении било претерано. Дубровник во 2011 година привлекол околу 600.000 посетители. До 2019 година привлекол 1,5 милиони. „Game of Thrones“ одигра значајна улога во тоа секако, со својот драматичен објектив којшто средновековните ѕидини од градот ги направи голема ѕвезда во хит-серијата“, се тврди во текстот.
Нагласуваат дека таквите бројки се преголеми за градот чиј број на жители е 43.000, а дека доколку сакате помош во „ублажувањето на овој притисок“, додека ја истражувате Хрватска преполна со историја и јадрански шарм треба да погледнете на северозапад.
„На 230 километри северозападно, всушност е Сплит каде баровите од крајбрежјето се свртени кон далматинскиот остров Брач, а Диоклецијановата палата го памети римскиот цар којшто градот го нарекувал дом, но без сцени на метеж на секој агол“, се наведува.
Листата исто така наведува дека Верона е новата замена за Венеција, како и Валенсија дека е новата замена за Барселона, а целокупната листа може да ја погледнете ТУКА.