[ФОТО/ВИДЕО] Овој остров во Хрватска го нарекуваат рај: Поубав од Малдиви, а малкумина слушнале за него

Точка

20/06/2025

20:01

1.394

Големина на фонт

а а а

Произд, чуден остров сместен во Јадранското Море, се наоѓа во непосредна близина на шармантниот туристички град Вела Лука. Познат по своите живописни карпести плажи, бујните густи шуми и чистиот воздух богат со мириси на бор, островот е идилична дестинација за оние кои планираат спокоен одмор на плажа во Хрватска.

Оние кои го посетиле островот Произд во Хрватска, велат дека станува збор за многу убаво место со неверојатна природа.

И Оливер Драгојевиќ некогаш пеел:

„Jo, da mi je sa gondolon poć do Proizda, veslajuć pomalo“, непоправливо заљубен во островот на којшто природата ги насликала најубавите нијанси на сина боја.


На Произд има интензивно бела боја на каменчиња, потоа зелените борови шуми, а оние нијанси на сино под светкавата морска површина... Вистинско совршенство.

Произд е и повеќе од дестинација – овој остров е чиста емоција и ќе ве воодушеви.

Произд е наречен и остров на љубовта, има и популарно „kissing spot“ – официјално место за бакнежи, означено со мозаик.


Доколку сакате целосно чувство на слобода и уживање во морето, тогаш посетете ја нудистичката плажа. Било која плажа да ја изберете, понесете си и чадор затоа што природната сенка речиси и да не постои на плажите.


Доколку патот ве носи и кон Корчула, до Произд може да стигнете и со брод. Повратна карта чини 15 евра, а возењето трае околу 15-на минути.

Кога е најдобро време за посета?

Најдобро време да ја посетите Хрватска за одмор на плажа е во текот на летните месеци, поточно од јуни до август. Овој период нуди најповолни временски услови за уживање во неверојатното крајбрежје на земјата. Без оглед на месецот, хрватското јадранско крајбрежје може да се пофали со кристално чисти води, плажи со камчиња и разновидни острови за истражување. За оптимално искуство за одмор на плажа, стремете се кон летните месеци кога максимално може да се ужива во природните убавини на земјата.