Домашен сладолед од банани без шеќер: Погоден за лица со дијабетес, лесен и вкусен

Точка

21/06/2025

18:12

789

Големина на фонт

а а а

Ако терминот „десерт погоден за дијабетес“ ве потсетува на здодевни кекси без шеќер кои имаат вкус на „картон“, имаме добри вести, дури иако мора да внимавате на шеќерот, сè уште можете да уживате во фантастични десерти исто како и сите други.

Не постои универзален план или пристап за контрола на дијабетес тип 2.

„Ова значи дека ако сакате да вклучите десерти кои се навистина вкусни во вашата исхрана, секако постои начин да го приспособите рецептот што ви се допаѓа на вашите потреби“ вели Едвина Кларк, нутриционистка од Сан Франциско, додавајќи дека ова е особено точно ако сте подготвени да се потрудите и да направите свој десерт по ваша мерка.

Идеални мерки

Луѓето со дијабетес можат безбедно да уживаат во вкусни десерти што содржат минимална количина додаден шеќер, најмалку пет грама протеини, помалку од 30 грама јаглехидрати и помалку од пет грама заситени масти по порција, но пред вклучување на нов десерт во редовната исхрана, клучно е да проверите како вашето тело ќе реагира на него.

Реакцијата на нивото на шеќер во крвта варира од личност до личност и не е секогаш лесно да се предвиди. Затоа е најдобро да се започне со мала количина десерт и да се следи како телото реагира пред да се изеде поголема количина.


„Стресот, спиењето, болеста и физичката активност исто така можат да влијаат на нивото на шеќер во крвта по јадење одредена храна. Со други зборови, реакцијата на вашето тело не мора секогаш да биде иста, па затоа е добро да се следи“ советува Кларк, која креирала десерти според споменатите препораки, и тоа десерти кои, покрај тоа што се здрави, се и многу вкусни и лесни за подготовка.

Кремаст сладолед од банана на стапче

Неодоливо вкусен сладолед кој содржи здрави масти, влакна и протеини – состојки кои го спречуваат ненадејниот скок на шеќерот во крвта што обично се јавува кога дијабетичарите одлучуваат да се почестат со десерт. Меѓутоа ова е сладолед кој без грижа можат да го консумираат.


За подготовка на осум стапчиња потребни се:

1 зрело авокадо

4 зрели средни банани

2 шолји грчки јогурт

4 лажички мед

1 лажичка екстракт од ванила

1/4 шолја полномасно млеко или млеко од растително потекло по ваш избор


Подготовка:

Сите состојки ставете ги во блендер и блендирајте додека не добиете мазна смеса, потоа поделете ја во 8 калапи за сладолед и ставете ја во замрзнувач да се стврдне, а пред сервирање, извадете ги стапчињата од замрзнувачот и оставете ги неколку минути на собна температура пред да ги извадите од калапите.