Заклучокот на експертите е дека клучот е во умереното консумирање и внимателниот избор на ферментираните млечни производи.
Вистинскиот избор може да придонесе за здравјето, додека пак лошиот може да има спротивен ефект.
Многу од докторите истакнуваат дека редовното консумирање ферментирани млечни производи, богати со корисни бактерии за цревната микрофлора, претставуваат основа на здравиот начин на живот и правилна исхрана.
Доктор Дарија Русакова предупредува дека одредени ферментирани млечни производи можат да имаат негативно влијание врз здравјето и дека треба да ги консумирате со внимателност. Таа составила листа на млечни производи кои наместо да го подобрат здравјето, можат да направат повеќе штета.
1. Јогурт со адитиви
Јогуртот којшто содржи разни вештачки додатоци не е вистински млечен производ затоа што во себе има значително повеќе јаглехидрати отколку природно ферментираните млечни производи. Додатоците како шеќер, ароми и вештачки засладувачи можат негативно да влијаат на апсорбирањето калциум, а истовремено да го зголемат внесот на шеќер во организмот. Поради тоа ваквиот јогурт повеќе потсетува на слатките работи отколку на здрав млечен производ.
2. Млечни производи без масти
Иако многумина сметаат дека производите со намалени масти се здрави, вистината е поразлична. За да се постигне соодветната текстура на овие производи, често им се додава скроб којшто е богат со калории и може да има сличен ефект врз организмот како јаглехидратите. Освен тоа, млечните производи без масти не даваат чувство на ситост, туку можат да го поттикнат апетитот и да го зголемат нивото на шеќер во крвта, што може да доведе до одредени проблеми со телесната тежина.
3. Масна павлака
Павлака со високо ниво на масти (25-30 отсто) спаѓа во тешко сварливи намирници кои можат да го оштетат панкреасот и црниот дроб. Сепак, тоа не значи дека треба целосно да ги исфрлите од исхраната туку треба внимателно да ги бирате, односно да користите павлака со 10 до 15 отсто масти за да ги избегнете проблемите и да го намалите ризикот од развој на гастроинтестинални заболувања.