[ФОТО] Деколте во облик на срце и крој којшто секоја жена ја претвора во божица: Скарлет Јохансон во тесен фустан го хипнотизираше Берлин

Точка

21/06/2025

11:26

951

Големина на фонт

а а а

Актерката се појавила во фустан којшто бил инспириран од диносаурусите, што е теме на филмот којшто моментално го промовира.

Актерката Скарлет Јохансон моментално го промовира филмот „ Jurassic World Rebirth“, а за премиерата избрала моќно издание.

Пред неколку вечери таа во Лондон се појавила во прекрасно модно издание на сирена со кое го вратила стариот дух на Холивуд.


Синоќа на премиерата на филмот одржана во Берлин, актерката повторно привлекла внимание со модното издание кое е инспирирано од темата на филмот.

Имено, Скарлет на црвениот тепих се појавила во тесен, црн корсет-фустан од модната куќа „Balmain“, изработен од материјали кои потсетуваат на кожата на рептилот што е јасен знак на диносаурусите кои се појавуваат во филмот.

Кројот на фустанот бил таков што ја нагласил нејзината совршена фигура на тело.


Горниот дел го красел длабок изрез во облик на срце и впечатливи златни копчиња кои биле распоредени по фустанот.

Скарлет со овој фустан којшто сам по себе е многу впечатлив, носела елегантни црни високи потпетици.

Што се однесува до накитот, таа носела златни обетки кои одлично се вклопиле со златните копчиња на фустанот.

Косата и шминката биле минималистички, а целокупниот изглед на актерката е за чиста 10-ка.


Ви се допаѓа ли овој стајлинг на Скарлет Јохансон?