„South Park“ го исмеа Ендру Тејт, тој откри што ќе направи „кога ќе се докаже дека е невин“

Точка

01/04/2023

19:35

5.181

Големина на фонт

а а а

Откако ги исмеаја принцот Хари и Меган Маркл, креаторите на популарната серија „South Park“ сега се свртеа кон уште една позната личност.

Во најновата епизода на „South Park“ се појавува ликот наречен Алонзо Финески.

Проќелавиот лик со очила за сонце и пура во устата е копија на инфлуенсерот Ендру Тејт кој се наоѓа во притвор во романски затвор поради обвинение за сексуално злоставување и експлоатирање.

Во епизодата Алонзо го вперува пиштолот кон Ренди Марш, а Ренди му вели дека само се обидува да им покаже на своите деца што е вистинска забава.

„Видете, само се обидувам да се изборам против пораките кои либералната левица им ги испраќа на младите мажи за тоа дека нивните машки инстинкти се токсични. Се обидувам да му покажам на синот и неговиот мал пријател што е вистинска забава бидејќи општеството сака тие да се срамат од својата машка природа“, вели Ренди во очигледната референца на изјавите на Тејт кои се сметаат за шовинистички и неговите идеи за машкоста.

Во подоцнежната сцена доаѓаат полицајци на забавата и му наредуваат на Алонзо да мирува.

„Тоа е Алонзо Финески, романски трговец со бело робје“, вели еден од полицајците.

Алонзо во тој момент пцуе и во одмазда испукува куршуми кон полицијата, а потоа бега од местото на настанот. Епизодата предизвика бројни реакции на Твитер, а по неа се огласи и самиот Ендру.

„Кога ќе се докаже дека сум невин. Со нетрпение чекам да помогнам во создавање на најдобрата епизода на „South Park“ на сите времиња“, напишал тој покрај исечокот од епизодата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг