Филипинскиот „Vogue“ стави 106-годишна жена на насловната страница, луѓето се воодушевени

Точка

31/03/2023

18:21

6.508

Големина на фонт

а а а

Насловната страница на новото издание на филипинскиот „Vogue“ стана голем хит на социјалните мрежи, а некои ја прогласија дури и за најдобра насловна страница на сите времиња.

Имено, „Vogue“ за насловната страница за април ја стави 106-годишната тату уметница Апо Ванг-Од од селото Бускалан на Филипини, а ѝ посветиле и интервју.

„Таа ја симболизира силата и убавината на филипинскиот дух. Таа е последната тату мајсторка на својата генерација и ги истетовирала симболите на племето Калинга на илјадници луѓе кои го посетиле Бускалан“, напишале од „Vogue“ во објавата и издвоиле еден нејзин цитат.

„Кога ќе дојдат посетители од далечните земји, јас со задоволство им тетовирам обележја од Бускалан и Калинга. Ќе го правам тоа додека сум жива“, изјавила Апо за познатото списание.

Таа е најстарата личност која некогаш позирала за насловната страница на „Vogue“.

Станува збор за жена која веќе со децении им ги пренесува своите вештини на помладите генерации, но луѓето се пред сè фасцинирани од фотографиите кои ги потпишува Арту Непомуцено, како и тоа што „Vogue“ одлучил токму неа да ја стави на насловната страница.

На Инстаграм профилот на филипинскиот „Vogue“, фотографијата добила повеќе од 200.000 лајкови, а во коментари се нижат само пофалби.

„Прекрасна насловна страница, прикажува како може убаво да се старее“, „Ова е можеби и најубавата насловна страница некогаш. Горда сум на вас“, „Вакво нешто чекав цел живот“, се само дел од коментарите под фотографијата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг