Соларен факел од најмоќна класа ја погоди Земјата, предизвикал едночасовен прекин на радио сигналот

Точка

31/03/2023

16:41

18.577

Големина на фонт

а а а

Научниците предупредуваат дека и во наредните денови не чекаат барем уште три соларни факели од М класа, со „мала шанса“ и за нов факел од најсилната категорија.

Соларниот факел од најсилната категорија блеснал во вторникот од Сонцето кон Земјата, праќајќи ерупција од X-зраци и ултравиолетово зрачење со брзина на брзина на светлината кон нашата планета. Станува збор за соларен факел од X-класа, кој предизвикал прекин на радиосигналите на околу еден час во делови од југоисточна Азија, Австралија и Нов Зеланд, кои се нашле на дневната страна на Земјата во моментот на неговото доаѓање.

Едночасовниот прекин на радиосигналите е предизвикан затоа што екстремното сончево зрачење ги јонизирало деловите на горната атмосфера на нашата планета, деградирајќи ги високофреквентните радиобранови кои патуваат во тој дел на Земјината атмосфера.


Најава за уште поголеми соларни активности во деновите кои доаѓаат

Соларниот факел се случил по низа силни настани на Сонцето, вклучувајќи и две коронални дупки и низа ерупции, кои предизвикале поларна светлина да се појави на небото се до Аризона во САД. Научниците меѓутоа нагласуваат дека тој соларен факел би можел најава за уште поголеми соларни активности во деновите кои доаѓаат.

Сонцето во меѓувреме веќе произвело три поумерени факели од М-класа (едно ниво на сила под X класа) во четвртокот, според извештајот на американскиот центар за предвидување на вселенското време, Националната управа за океани и атмосфера (NOAA). Во наведениот извештај се предвидува и можност од други факели од класата М во деновите кои доаѓаат, со мала шанса за уште еден од класата „X“ следниот четврток.

Прогнозата на вселенското време на британската Канцеларија за метеорологија исто така предупредува дека следните два дена се можни поумерени факели, поради големите, активни групи на сончеви пеги завртени кон Земјата. Сончевите пеги се мали, темни подрачја каде површинските температури се пониски од околните плазми.


Најслаб факел од најмоќната класа

Не е лошо да се нагласи дека соларниот факел во вторникот бил седмиот соларен факел од X Класа досега во 2023-та година, што сугерира дека соларната активност оваа година за многу ќе ја надмине 2022-ра година, во која имало вкупно седум соларни факели од X класа, според блогот „SpaceWeather“, кој ги следни дневните официјални американски податоци за Сонцето и неговото влијание на Земјината атмосфера.

Кога станува збор самиот факел од вторникот, иако тој припаѓа на класата најмоќни соларни факели, бил рангиран како X1.2, а Сонцето може да произведе соларен факел со јачина од X28, што би било разорно за технологијата на Земјата.

Освен снемувањето на радиосигналите, факелите и другите соларни ерупции можат да предизвикаат сменување на струја, да ги исфрлат сателитите од орбитата и да го нарушат GPS составот. Тоа што по правило најчесто се случува е тоа дека соларната активност предизвикува енергични прикази на поларна светлина, понекогаш туркајќи ги појужно од вообичаените арктички региони.

Научниците предупредуваат дека се подготвуваат уште повеќе соларни факели и ерупции, а нивната зачестеност веројатно ќе се зголеми, како што Сонцето ќе напредува кон пикот на својот 11-годишен соларен циклус, кој ќе се случи во 2025-та година.




Спонзорирани линкови

Маркетинг